Сета оваа ситуација со Корона вирусот, веќе на сите ни стана досадна, пренатрупана секојдневно со секакви вести, било лажни, било точни, набилдани, некои навикнаа на пресовите на Министерот за здравство како на шпанска серија, некои темата си ја сфатија најозбилно, што дури со маска спијат и одат во тоалет, целодневни полициски часови, советувања за јакнење на имунитет, а забрануваат движење во шума(тоа е најголемиот парадокс), паники и т.н…..
Сето ова е во (не) ред, бидејќи е наше секојдневие и веќе навикнавме со тоа, но зборот ми беше друго.Малку да се опуштиме и релаксираме со проверената формула за справување со секој вид вирус на Беровски начин, која сигурно ќе им се допадне на многу наши Беровчани, а и сигурно многумина во градот ја применуваат.
Погледнете го краткото видео: