Претставници од Берово, присуствуваа на настан „Европски перспективи и квалитетен развој на ромската заедница, во Северна Македонија“

Претставници од Берово, присуствуваа на настан „Европски перспективи и квалитетен развој на ромската заедница, во Северна Македонија“
април 07 16:09 2023

Денеска, претставници од локалната самоуправа од Општина Берово, заедно со Градоначалникот, присуствуваа на настанот „Европски перспективи и квалитетен развој на ромската заедница, во Северна Македонија“, во Владата на РСМ, кој е организиран по повод Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април.

На настанот , свои обраќања имаа премиерот на РСМ, Димитар Ковачевски, министерот Бојан Маричиќ, министерката Јована Тренчевска, заменик министерот Беким Реџепи и претставници од ЕУ-делегацијата.

Тие имаа можност да ја прследат презентација на краток филм: ,,Ние ќе летаме” на Европскиот ромски институт за уметност и култура.

Во изминатиов период, Општина Берово, вложуваше средства, за изработка на проекти за улици и патишта, комунална инфраструктура, здравствена заштита, домување, како и подобрување на животот на нашите сограѓани Роми, во сите сфери од општественото живеење.

Веќе подолг период, работиме на проект, кој опфаќа подобрување на инфраструктурата, урбанизација, легализација, подобрување на домувањето, водовод и канализација во ромската населба, како и обезбедување на електрична енергија, за неколку ромски семејства, со што подобрувањето на условите за живот на Ромите, во Берово, е во значителен подем.

Покрај тоа се спроведуваат и активности од социјален аспект, анализа на состојбата во ромската заедница и предлог на мерки и поддршка за вработување и самовработување.

Продолжуваме и понатаму зеднички и сплотени напред, кон постигнување на нашите цели за инклузивно општество, во кое секој од нас има безбеден дом, мирен и достоинствен живот.

  Категории: