Потпишан договор за збратимување на Општините Берово, Бољарево и Кумровец

Потпишан договор за збратимување на Општините Берово, Бољарево и Кумровец
август 25 15:30 2023

Во рамки на официјалната посета на делегацијата од Општина Кумровец, денеска градоначалниците на општините Берово и Кумровец,  потпишаа Договор за збратимување меѓу општините Берово, Кумровец  и Бољарово.

Соработката помеѓу збратимените градови, се очекува да произведе многу позитивни ефекти во општеството, кои ќе придонесат кон унапредување на состојбите на локално ниво.

Очекуваме дека преку збратимувањето на Берово, Кумровец и Бољарево, ќе бидат разменети  искуства и најдобри практики во областите од интерес на локалните заедници, а особено во областа на  економијата, образованието,  туризмот, екологијата, финансирањето, развојот на инфраструктурата, социјалната заштита и многу други.

Градоначалникот Пекевски, посакувајќи им добредојде и пријатен престој на гостите, изрази задоволство од досегашната соработка, потенцирајќи дека денешното потпишување и збратимувањето помеѓу трите општини, ќе овозможи размена на искуства, кои ќе  придонесуваат за подобар општествен напредок.

Збратимувањето помеѓу трите општини, од Република Северна Македонија, Република Бугарија и Република Хрватска,  ќе биде појдовна точка за поттикнување и реализација на развојни проекти во трите локални заедници.

  Категории: