ПОТВРДЕН УШТЕ ЕДЕН СЛУЧАЈ НА САЛМОНЕЛА ВО БЕРОВО

ПОТВРДЕН УШТЕ ЕДЕН СЛУЧАЈ НА САЛМОНЕЛА ВО БЕРОВО
февруари 08 15:53 2024

Потврден е уште еден случај на присуство на бактеријата салмонела кај уште едно дете од Берово, изјавија од Центарот за Јавно здравје во Кочани. Како што истакна директорот на ЦЈЗ-Кочани, Гоце Серафимов, не се работи за ново заразено лице туку од мострите што се пратени претходно е утврдено дека лицето има прележано салмонела.

-Имаме утврдено уште едно дете денес со присуство на бактеријата салмонела.Тоа не се заразени нови или новонастанат случај, тука сега салмонелата ќе се излачува од организамот малце подолго време и ние врз основа на тоа и од она што ни е пратено имаме утврдено дека и тоа дете има прележано, односно имало присуство на бактеријата салмонела во него – истакна Гоце Серафимов директор на ЦЈЗ-Кочани.

Бројот со денешниот потврден случај се искачи на 12 заразени дечиња со салмонела, но се уште не може да се открие од каде се заразени дечињата. Претходниот период инспекциски служби ја чешлаа детската градинка „23 Август“ во Берово, со што од земените мостри од површините, вработените и храната, се утврди дека нема присуство на салмонела во оваа институција. Како се заразиле дечињата и каде, се уште останува енигма, за која веруваме дека следиот период епидемиолозите и надлежните ќе го откријат изворот на заразата.

  Категории: