Денеска завршува пописот на населението, домаќинствата и становите и според последните изјави од Државниот завод за статистика (ДЗС), нема да се бара негово продолжување.
Директорот на ДЗС, Апостол Симовски, вчера изрази уверување дека пописот ќе заврши во законскиот рок и потврди дека досега немаат побарано продолжување.
„Нас ни е битно да бидат опфатени сите објекти за домување. Ние имаме своја технологија по која го следиме процесот и ќе знаеме дали и кога точно ќе го завршиме процесот. Согласно сегашните процеси, очекуваме и уверени сме дека ќе завршиме во законскиот рок“,изјави Симовски за МИА.
„Нас ни е битно да бидат опфатени сите објекти за домување. Ние имаме своја технологија по која го следиме процесот и ќе знаеме дали и кога точно ќе го завршиме процесот. Согласно сегашните процеси, очекуваме и уверени сме дека ќе завршиме во законскиот рок“,
Според последните достапни податоци, заклучно со вторникот (28 септември) до 20 часот, во земјава попишани се 1 760 194 лица, 546 080 домаќинства и 789 406 станови. Од дијаспората, пак, можноста за самопопишување ја искористиле 201 247 граѓани.
Пописот започна на 5 септември, а последната недела од пописните активности надлежните дадоа и можност граѓаните кои не се попишани во нивните домови зашто не биле дома кога таму бил попишувач или од други причини, да се попишат во општинските или канцелариите на ДЗС, кои се достапни ТУКА.