ПОМОШ ЗА ДЕЦАТА ЧИИ РOДИТЕЛИ СЕ ВO СТРАНСТВО.

мај 09 22:16 2018

Нов предизвик пред модерната педагогија. Како да им се помогне на децата чии родители се принудени да заминат на работа во странство, па место тие за децата се грижат бабите и дедовците.

Ова е проблем со кој се повеќе се соочуваат државите од т.н. Западен Балкан, а особено Бугарија и Македонија.

Ваквите деца, се ставени пред тест на животот, па тие се развиваат различно од оние кои растат во присуство на родителите, тврдат експертите од областа на педагогијата:

  • Кај овие деца се јавуваат два проблема. Прво тие предвреме созреваат и ја прифаќаат одговорноста за помалите од себе, а второ за затвораат во себе и се изолираат. Е таа осаменост мора навреме да се препознае и да се третира, истакна Трајан Балкочев, Универзитет „Неофил Рилски“, Бугарија.

Во вакви случаи, освен семејството мора да се вклучат и училиштата и токму овде мора да се насочи модерната педагогија:

  • Социјалната педагогија има широко поле на делување. Во моментов сме фокусирани токму на работа со децата чии родители се т.н. економски мигранти, а чиј број во Бугарија е се поголем, кажа Јулијана Пувачка, Универзитет „Неофил Рилски“, Бугарија.

Точниот број на деца кои наместо на родителите се грижа на бабите и дедовците не се знае, но претпоставка е дека само во источниот регион нив ги има околу 2.000.

Токму на нив во иднина треба да се насочи т.н. социјална педагогија и во Македонија и во Бугарија, а задача на факултетите за образовни науки во Благоевград и Штип е да создаде кадар кој ќе ја третира оваа тема.

Претставници од двата Универзитета веќе имаа неколку заеднички средби, а се подготвуваат и за заедничка апликација на Еразмус плус програмата.

 

 

ИЗВОР: Тв Стар

  Категории: