ПОВТОРНО ХАКИРАНА ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА НА ПОРТАЛОТ МАЛЕШ НЕТ

ПОВТОРНО ХАКИРАНА ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА НА ПОРТАЛОТ МАЛЕШ НЕТ
март 08 19:07 2024

По трет пат за неполни две години, денес повторно е оневозможена нашата фејбук страница и претрпуваме штети од засега непознати сторители, кои го нападнаа нашиот и ваш медиум Малеш Нет на социјалната мрежа Фејсбук. Од утрово сме изложени на хакерски напад без никакви причини, со што денес не можеме да го менаџираме фан пејџот на Малеш Нет и да ве информираме за секојдневните настани и случувања во Малешевијата. И покрај консултации и пријава до надлежните институции во државата како и во претходните два напади, сепак не сме оптимисти и нема начин да се врати страницата, освен да почекаме 24 часа и да направиме уште неколку допонителни обиди во странство, што веројатноста е многу мала, бидејќи имаме исто искуство од претходно.

Ова е варварски чин против единствениот медиум и гласило во Малешевијата и сите граѓани на Берово, Пехчево, како и нашите иселеници насекаде во светот, кои секојдневно се информираа за се што се случува во нивниот роден крај. Ова е удар не само за нас, туку и за целиот град.

Не знаме зошто на некој му смета постоењето на овој независен медиум кој веќе две децении со трудни маки, со губење на многу време, со никаков буџет и со мала помош од некои беровски стопанственици, што не е доволно ниту да се одржува, нанесува огромна шета на слободата на говор и правото на јавно информирање на граѓаните.

Некој навистина сака да згасне единственото гласило во Берово, кое со трудни маки го изградивме во препознатлив бренд во Малешевијата, преку кој обичните граѓани и сите други го имаат својот глас во општеството, кој преку конструктивните критики и мониторирање и следење на сите недостатоци успева да ја подобри сликата на градоти и да ги пофали позитивните страни поединечно и колективно на сите чинители во Берово и Малешевијата.

И да ви откриеме уште нешто кое досега не сакавме да го изнесеме ниту пак да ве замараме. Уредникот на порталот Малеш Нет, бидејќи сме финансиски немоќни да го одржуваме порталот, веќе 7 години работно оди во странство со цел да се одржува порталот Малеш Нет за да не згасне. Но не сакаме да се жалиме. Зарем тоа му смета на некој! Страшно сме изреволтирани од нечовечноста на поединци, кои сеуше не ги знаеме, а мислиме дека нема ни да ги дознаеме. Но тие нека се препознаат самите и нека им служат овие потези на честа која ја немаат.

Ни преостанува само да почекаме одредено време и доколку не ни биде вратена фејбук страницата, не се откажуваме никако. Повеќе од 25.000 дневни посети на прталот и следбеници изгубивме, но ви ветуваме дека повторно ќе креираме страна доколку не можеме да ја вратиме претходната и повторно со ваша помош ќе го стартуваме брендот на Берово и Малешевијата вашиот портал Малеш Нет. Покрај тоа и веб страницата ни беше нападната и оневозможена, но успеавме да го решиме проблемот пред малку и повторно е во функција.

Моментално можете да не следите на веб страната www.maleshnet.mk и јутуб каналот Малеш Нет.

Ви благодариме на разбирањто и доколку некој може да помогне (што е многу тешко) би ни било од полза за сите нас.

  Категории: