ПЛАНИНАРСКИ МАРШ ЗА ПРОМОЦИЈА НА ПЕХЧЕВСКИТЕ ВОДОПАДИ.

април 23 20:32 2018

Планинарското друштво „Голак“ од  Делчево и огранокот „Сосна“ од Берово,  организираа планинарски марш за промоција на Пехчевските водопади и врвот Ченгино Кале на 1.748 м.н.в. на Малешевските планини.

Почетна точка  беше туристичкото место Равна Река на 1.030 м.н.в.,  па Пехчевските водопади на 1.200 м.н.в. и се до врв Ченгино Кале.

Маршрутата во вкупно должина 16 км во двата правци, со македонските планинари, овој пат ја одеа и гости од Франција и Бугарија:

  • Јас сум почесен член на ПС Делчево. Денес одевме до Ченгино Кале и луѓето се презадоволни од турата. Маршрутата минува низ прекрасна природа, водопадите се преубави. Се беше одлично, кажа Спасимир Благоев, Самоков, Бугарија.

Специјален гостин на турата, беше Оливие Беф од Франција, експерт за туризам и одржлив развој:

  • Благодарам за поканата,ова е супер.Не го познавам овој дел на Македонија Малешево,Пијанец,Осогово, но ова е апсолутно прекрасно и природно. Многу е чисто што е многу важно,има вода насекаде и тоа за мене е перфектно. Може да најде примена и во мојата работа. Навистина е прекрасно, кажа Оливие Беф, Франција.

Турите кои ги организраат делчевските и беровските планинари имаат за цел промоција на туристичките потенцијали на македонскиот дел од Малешевските Планини. Оттука, присуството на гостите од Франција и Бугарија дава надеж дека наскоро овие убавини ќе можат да ги видат и љубители на природата од овие држави.

 ИЗВОР: Тв Стар
  Категории: