ОСУ„АЦО РУСКОВСКИ“ ВО БЕРОВО ОДБЕЛЕЖА 70 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ И ГИМНАЗИСКО ОБРАЗОВАНИЕ (ВИДЕО)

ОСУ„АЦО РУСКОВСКИ“ ВО БЕРОВО ОДБЕЛЕЖА 70 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ И ГИМНАЗИСКО ОБРАЗОВАНИЕ (ВИДЕО)
септември 29 18:14 2023

ОСУ,,Ацо Русковски” денес го одбележа патрониот празник и 70-годишнината од постоењето на гимназиското образование во Берово. Со низа свечености учениците и вработените во училиштето го одбележаа јубилејот, кој несомнено потврдува дека беровската гимназија е носител на образовните процеси во градот и регионот.

Пред бистата на Ацо Русковски, во училишниот двор, цвеќе положија Делегација од општина Берово, Делегација од Општина Пехчево и Делегација од ОСУ,,Ацо Русковски”, предводена од Директорката, Душанка Паговска.

Во рамките на културно уметничката програма, присутните имаа можност да погледнат краток документарен филм, по повод 70 години постоење на училиштето.

По повод паттониот празник, училиштето организираше ликовен, литературен и конкурс за најдобро изработен дизајн од техничко кожарската струка, најдобро аранжирано и највкусно јадење од угостителско-туристичката стурка и најдобро изработен експонат од шумарско дрво-преработувачката струка, на кои наградени беа следниве ученици:

-прва награда на литературниот конкурс освои ученичката Јована Цикарска.

-прва награда на ликовниот конкурс освои ученичлката Мартина Терзиска.

-прва награда за најдобро изработен дизајн, од техничко –кожарската струка, освои ученичката Нона Белева.

-награда за најдобро аранжирано јадење, од угостителско-туристичката струка, освои ученичката Енида Алиевска, а за највкусно јадење ученичката Евгенија Пармачка.

-награда за најдобро изработен експонат, од шумарско дрво-преработувачката струка, освои ученикот Петар Пеловски.

Директорката Душанка Паговска, се обрати пред присутните, со осврт кон ликот и делото на патронот и додели благодарници за успешна соработка, на повеќе поединци и фирми, меѓу кои и на порталот Малеш Нет за успешната соработка и следење на активностите на беровската гимназија.

Свое обраќање, пред присутните имаа и најстариот пензиониран професор, Методи Распашковски и Ректорот на Штипскиот универзитет, Дејан Мираковски, професорот на Економскиот факултет, Борче Треновски и Тања Аждерска, која живее и работи во Словенија, како успешни ученици кој произлегуваат од ОСУ ,,Ацо Русковски”.

Културно уметничката програма беше заокружена со настап на КУД ,,Димитар Беровски” при Дом на културата Берово.

Ацо Русковски ќе остнае патоказ, на нашите млади генерации, да им служи за пример, за тоа како човекот несебично ја поврзува својата личност, со многубројните битки за грѓаните на нашата земја и за изградба на модерно општество. Горди сме, што сме негови потомци и што можеме да оживееме еден дел од неговиот животен пат.

  Категории: