Во основното училиште „Ванчо Китанов“ во Пехчево, од денес започна да функционира нов поставен лифт, за поголема пристапност на учениците со попреченост. Ова преставува важна инвестиција во низата реализирани проекти во училиштето, со што ова училиште е меѓу првите на истокот на државата со пристапен лифт до сите кабинети и училници за настава, кои од сега ќе им бидат достапни на ученициите со попреченост.
Градоначалникот на Пехчево, Александар Китански на свеченото пуштање во употреба на поставениот лифт, изрази задоволство од модернизацијата на пехчевското училиште кое по еврпски стандарди со современи услови се реализира наставата и поседува еднаков пристап за сите ученици.
-Денес присуствуваме на еден преубав настан во нашето училиште. Во координација со директорката на основното училиште, периодот што помина се превземаа многу мерки за осовременување на нашето училиште и да добиеме училиште на современи текови со европските стандарди за образование во нашата држава. Во нашето училиште последните неколку години и месеци се извршија големи зафати, каде се поставија подови, се реновираа училници, а еве можеби сме и прво училиште во источна Македонија, каде добивме и поставивме лифт за до го подобриме наставниот процес за учениците кои имаат попреченост, да не се осеќаат дискриминирани и да ги имаат сите услови и да немаме напор при искачувањето на трите спратови во училиштето. Со помош на директорката го подобривме пристапот на овие дечиња до сите училници, а исто така поставивме и епоксидни подови во нашето училиште, кои лесно се одржуваат и дезинфецираат. Со тоа во ООУ „Ванчо Китанов“ во Пехчево, се изведува настава по сите европски норми и стандарди – рече градоначалникот Китански.
Од постоењето на училиштето, до сега се модернизирани и создадени услови за настава како сите деца во светот рече директорката Душанка Јовевска, која истакна дека со сопствени средста од училиштето и од општинскиот буџет во Пехчево, денес е поставен лифтот за дечињата со попреченост.
-Имаме ученици со посебни потреби, па затоа мораме да им направиме инклузија и да ги вклучиме во нормалната настава и сите деца со посебни потреби да имаат пристап до сите кабинети и до сите училници кои се модернизирани и организирани со најнова опрема. Инаку бевме приморани учениците со посебни потреби да ги дрѓиме на првиот спрат во училиштето, бидејќи немаше пристап до горните училници. Со таа цел и намера, го поставивме лифтот со сопствени средства од буџетот на школата заедно со општина Пехчево и така обезбедивме модерен пристап и модерно училиште за сите ученици – истакна директорката Јовевска.
Инаку како и по другите градови, бројот на ученици во ООУ „Ванчо Китанов“ во Пехчево е намален како причина на иселувањето. Моментално во училиштето во Пехчево учат 200 ученици, додека 50 ученици посетуваат настава во подрачното училиште во село Црник и 5 ученици во селото Робово.