ОК Вмро Дпмне Берово во врска со вчерашната објава од граѓанин на Берово, каде беше сниманно возилото на Јавното комунално претпријатие како исфрла мешан отпад на депонијата за градежен шут, денес излезе со соопштение во кое најостро го осудува чинот на ова дело. Во него се вели:
Уште еднаш се покажа дека локалната власт во Берово освен за свои интереси не ги интересира за обичниот граѓанин ниту пак за еколошката состојба во нашиот град.Најстро го осудуваме настанот кој претставува грда слика за градот и бараме одговорност од градоначалникот и директорот на комуналното претпријатие.Ако сте одговорни господа од вашата партија на власт спрема својот народ, веднаш директорот кој е и претседател на ОО СДСМ во Берово, треба да си поднесе неотповиклива оставка.
Должни сте да им објасните на Беровчани кој наредил и како може самото комунално претпријатие да биде толку дрско за да исфрла таков смет во најубавиот дел на Берово, токму во овој период за велигденските празниците кога најмногу туристи го посетуваат Берово.Дали сте свесни дека ќе одговарате за овие ваши постапки.Така ли ќе го развивате Берово во туристичко место.Вашите еколошки кампањи кои излегоа на виделина дека се лажни, прво сами вие не ги почитувате а камо ли да барате од граѓаните да се придржуваат кон нив.И не е само оваа депонија, прошетајте наоколу и видете што се случува.Уште еднаш го повикуваме градоначалникот Пекевски да го осуди овиј чин од страна на неговиот партиски соработник кој директорува со ЈПКР Услуга и под итно да го отповика од неговата должност како директор – се вели во соопштението на ОК ВМРО-ДПМНЕ од Берово.