ОДЛГЛЕДУВАЧИТЕ НА СВИЊИ ОД МАЛЕШЕВИЈАТА ВО СРЕДА ИЗЛЕГУВААТ НА МИРЕН ПРОТЕСТ

ОДЛГЛЕДУВАЧИТЕ НА СВИЊИ ОД МАЛЕШЕВИЈАТА ВО СРЕДА ИЗЛЕГУВААТ НА МИРЕН ПРОТЕСТ
септември 19 20:25 2022

Одгледувачите на свињи од Малешевијата, во среда ќе штрајкуваат, поради како што велат најавата за депопулација на свињите, како причина на болеста африканска чума. Штрајкот додаваат сточарите денес уредно го пријавиле, каде во среда од 11 до 13 часот пред споменикот во селото Смојмирово, ќе го искажат своето незадоволство.

-Нашето незадоволство се должи на најавата, за уништување на свињите кои ги одгледуваме поради болеста африканска чума.Сакаме да истакнеме дека во Малешевијата ја нема оваа болест и не може никој со сила да ни нареди да ги заколеме или да ни ги одземат свињите. Доколку има африканска чума, тука на овие простори слободно нека ни ги одземат свињите и не треба да не обештетат – велат од организаторите на протестот.

Групата сточари, одгледувачи на свињи од Малешевијата, истакнаа дека имаат неколку барања, кои сакаат да ги слушнат и ветеринарните инспектори од АХВ, како и градоначалниците на Берово и Пехчево и ги повикуваат на разговор во среда.

– Како прво од нашите барања, ги повикуваме ветеринарните инспектори од Агенцијата за Храна и ветеринарство, како и градските татковци на Берово и Пехчево, да дојдат во среда на протестот, да поразговараме и да го слушнат нашиот глас. Уште еднаш ќе повториме дека нема африканска чума во Малешевијата и заболени свињи, со што бараме оваа срамна одлука да се промени, а исто така бараме да престане уништувањето на свињите со сила – додадоа организаторите на протестот.

Доколку не се исполнат нивните барања, одгледувачите на свињи најавија радикализација на протестот со блокирање на неколку клучни патни правци во Малешевијата.

-После мирниот протест во среда, доколку не се исполнат нашите барања и не се смени одлуката, ќе ја блокираме цела Малешевија, со организирање на поголем штрајк и блокирање на патните правци на месноста Преведена, Обозна и кај селото Панчарево, 24 часа без прекин – истакнаа организаторите.

Инаку во решението на Агенцијата за Храна и Ветеринарство стои дека во сите одгледувалишта со висок и среден ризик, како и во комерцијалните одгледувалишта со низок ризик кои имаат 10 и помалку маторици кои се наоѓаат во 3 и 10 километри радиус околу големите комерцијални одгледувалишта (во кои спаѓа и свињарската фарма во селото Смојмирово во Берово), ќе се изврши депопулација со економско искористување на свињите.

Во зоната од 3 километри од големите комерцијални одгледувалишта депопулацијата треба да се спроведе најдоцна до 20.09.2022 година, додека во зоната од 10 километри од големите комерцијални одгледувалишта депопулацијата треба да се спроведе најдоцна до 20.10.2022 година.

  Категории: