Голем број дечиња денес во Бизнис инкубаторот во Берово, ја проследија прекрасната театарска претстава ,,МУЗЕЈОТ НА ДЕДО МРАЗ’’, во изведба од Магдалена Ризова- Черних, Сашо Ристовски- актери од Театар Комедија и младите: Димитрие Марковски и Тамара Ангелеска.
Новогодишната претстава,, МУЗЕЈОТ НА ДЕДО МРАЗ”, има за цел, преку интерактивност да упати две пораки, другарството и љубовта кон музејот и се што е убаво, за децата од областа на културата.
Целата бајка се случува вo куќата на Дедо Мраз. Кај него доаѓаат две дечиња, кои му ги носат желбите, на децата од светот. Г-ѓа Баба Мразица ги прави сите згоди и незгоди, само и само да не ги исполни Дедо Мраз, желбите на децата.
Дедо Мраз заедно со децата и тие што му се гости и од публиката, успева да тргне на пат околу светот. Децата кои доаѓаат кај него, имаат желба да посетат музеј, бидејќи никогаш не биле.
Дедо Мраз им ја исполнува желбата и на крајот им дава билети за музеи од целиот свет, на децата и новогодишни подароци.
Децата му кажуваат дека со сите деца од нивниот град, до следната година, ќе направат мал музеј и ќе му дадат име ,,МУЗЕЈОТ НА ДЕДО МРАЗ”
Новогодишната бајка, која денес се прикажуваше во Берово, е од едукативен карактер исполнета со многу комични моменти, музика и интеракција.
Со оваа бајка, сакаме да поттикнеме желба за љубов кон културните знаменитости.