Новинарите ги врачија признанијата за најдобрите остварувања во Источниот регион за 2020 година.

Новинарите ги врачија признанијата за најдобрите остварувања во Источниот регион за 2020 година.
август 22 11:54 2021

Регионалниот актив на новинари „Исток“ викендов, на преубава свеченост на отворено во Аурора ресорт и спа на Беровско езеро, ги врачија признанијата „Најдоброто од истокот“ на институции, стопански организации и поединци кои со своите остварувања, според изборот на седмата сила од регионот, ја одбележаа 2020 година.

Добитници на признанијата се:

ЖИВОТНО ДЕЛО …Ова признание му е доделано на м-р Благој Механџиски-Зегин за неговото животно остварување – веледрогеријата Зегин на кое напорно и посветено работи цели 33 години. Зегин денес има 192 аптеки во Македонија и 2.300 вработени, а Механџиски е еден од  најголемите донатори и хуманисти во државата.

ЗДРАВСТВО    Најдоброто во здравството е Инфективното одделение при Клиничка болница – Штип за натчовечката борба на вработените доктори, сестри и болничари против корона вирусот. Наградата ја прими раководителката д-р Дијана Шипкова.

АМБАСАДА ПРИЈАТЕЛ  Со ова признание се закити амбсадата на Британија во нашата држава која минатата година финансиски поддржа бројни медиуми. Признанието го прими амбасадорката Галовеј..

СТОПАНСТВО    Ова признание е доделено на ДИК „Фагус“ Пехчево за отворените 350 работни места во две фабрики за столици што има посебно значење за малиот град и неговиот социо-економски опстанок.

ТУРИЗАМ   Туристички центар „Пониква“ во чиј развој Општина Кочани досега има донесено над 2,5 милиони евра. Признанието го прими градоначалникот Николчо Илијев.

ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ   Фирмата „Брегал“ од Делчево за нејзините бројни донации на здравствени установи, детски градинки, уредување на паркови и слично.

НАУКА  Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, за соработката со рудниците во Македонија. Признанието го прими деканот д-р Зоран Десподов.

НОВИНАР на годината   Столе Наумов, Канал 77, за неговата култна емисија Стадион.

ХУМАНИСТ  на 2020 година е Дарко Гоцевски од Македонска Каменица, младо момче кое посветено работи за решавање на социо економските потреби на свои сограѓани…

ОБРАЗОВАНИЕ   Признанието му е врачено на наставникот Иле Михајловски од Свети Николе кој за својата работа со деца со посебни потреби и севкупната грижа за нив е добитник и на европски признанија  и е меѓу 40-те едукатори на просторот од екс Југославија.

НЕВЛАДИНА организација   ФРЛЗ-Фондација за развој на локалните заедници-Штип за бројните проекти со кои помогнаа во развојот на многу општини во регионот.

СПОРТ   Ова признание замина кај ракометната легенда Кире Лазаров кој на присутните им се обрати од Франција преку видео порака

ЕКОЛОГИЈА    Орце Николов од Кочани, кој го формира Еко грин движењето и го организираше најмасовниот протест против загадувањето на воздухот во Кочани.

КУЛТУРА   Културен деец на 2020 година е новинарот и писател Васил Маневски од Тработивиште, општина Делчево. Маневски ова признание го доби за неговите три книги поезија издадени лани.

ИНОВАТИВНОСТ     Здружението на земјоделци „Оризова братимка“ од с.Чешиново,го доби ова признани за експериментите со био смарт оризот за што имаат поддршка и oд од европски фондации.

Во продолжение неколку фотографии од настанот.

Механџиски
Механџиски
Рејчел Галовеј, амбасадорка на Британија
Рејчел Галовеј, амбасадорка на Британија
д-р Дијана Шипкова, инфективно
д-р Дијана Шишкова, инфективно
Васил Маневски
Васил Маневски
Дарко Гоцевски
Дарко Гоцевски
Д-р Десподов
Д-р Десподов
Иле Михајловски
Иле Михајловски
Оризова братимка
Оризова братимка
Илијев, Пониква
Илијев, Пониква
Брегал
  Категории: