НЕМА ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД УТРЕ.

НЕМА ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД УТРЕ.
мај 27 00:03 2020

Од утре се укинува полицискиот час воведен како мерка за спречување на ширењето на корнавирусот, одлучи Владата на денешната седница. Од четврток се отвораат кафулињата и рестораните, но само нивните тераси, а работата во затворениот дел допрва ќе се уредува, одлучи Владата постапувајќи по препораките на Комисијата за заразни болести.

На 1 јуни престануваат да важат заклучоците со кои различни групи беа ослободени од работа, но ова нема да важи за хронично болните и за родители на деца до 10 години, зошто се уште нема одлука за тоа кога ќе се отворат градинките.

Лицата кога се во државен карантин ако сакаат може да направат тест за коронавируст на свој трошок и да бидат пуштени дома.

Комисијата за заразни болести треба дополнително да каже кога ќе може да се отворат границите и кога ќе може да отворат хотелите.

Одлуките на Владата во моментов ги соопштува премиерот Оливер Спасовски на прес-конференција. На прес конференција учествуваат и вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за здравство, Венко Филипче и д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје.

Во земјава денеска се регистрирани 14 оздравени пациенти, тројца починале до Ковид 19, а новодијагностицирани се 16 луѓе. Со новите случаи бројот на заразени достигна 2014, а на починати 116.

  Категории: