Поради состојбата со пандемијата Ковид 19,Независниот синдикат на полицијата во соработка со Здравниот Дом во Берово и Дирекцијата за заштита и спасување, денес на случајни минувачи во градот, поделија бесплатни маски и ракавици.Целта на настанот како што истакнаа од полицискиот синдикат е едукација на граѓаните за состојбата со пандемијата кој зазема се поголеми размери и последици по нашите животи.
Беровчани ја поздравија оваа акција на полицискиот независен синдикат и истикнаа дека вакви акции почесто треба да се спроведуваат во Берово.
Независниот полициски синдикат веќе неколку пати се вклучува и спроведува разни хуманитарни акции, а во наредниот период најавуваат слични вакви настани за да може барем малку да придонесат за подобрување и справување на Беровчани со последиците од корона кризата.