Над 80 отсто од позитивните случаи на коронавируост во Малешевско-Пијанечкиот регион се млади луѓе.
Вирусот се раширирил пред, за време и по Илинденските празници на крајниот исток и тоа на забавите во угостителските објекти во централните градски подрачја.
Градоначалникот Звонко Пекевски вели дека до денеска во туристичко Берово има 27 активни случаи, а деновиве се зголемува и бројот на лица кои се во изолација. Имаат и случаи кои и самите се изолираат по контактите со заразените.
Загрижувачка е ситуацијата со коронавирусот во Берово. Преземени се низа на мерки, пред неколку дена имавме и состанок со угостителските објекти, кои сега ги почитуават мерките, а инспектори во неколку наврати беа во контроли на овие објекти, вели Звонко Пекевски градоначалник на Берово
Загрижува e и растот на позитивни случаи во Делчевскиот регион, каде што денеска имаат регистрирано пет случаи на возраст под 30 години, со што и во овој град бројката на активни случаи се искачи на 27.
Деновиве низ кафулињата намален е бројот на гости, поради страв од ширење на заразата.
Во петокот извршена е дезинфекција на општинската зграда, а од утре ќе се работи по пат на дежурства, со што граѓаните нема да почуствуваат проблеми со добивање на услугите, а на располагање им останува и електронскиот начин.
На истиот принцип се работи и во Центарот за социјални работи и во подрачната единица на Министерството за земјоделство.
Директорката на Здравствениот дом, Марија Глигоровска вели дека активирани се и матичните лекари и направено е координативно тело, кое е во постојан контакт со сите надлежни здравствени работници и со здравствениот и санитарен инспектор.
Викторија Јованова
Извор:Тв Телма