Народна техника на Македонија и Сојузот на клубови на млади техничари и природници на Македонија вчера во просториите на ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ доделија награди и благодарници на учениците од Берово, кои постигнаа успех на 59-от Државен натпревар на млади техничари и истражувачи.
Учениците, учесниците и менторите, постигнаа врвни резултати на натправарите од областа на применети природни и технички науки, во организација на Народна техника на Република Македонија на Државниот натпревар комбинирано онлајн и со физичко присуство кој се одржа на 07 и 08 мај и 14 мај 2022 година.
Директорот на Народна техника на Македонија, Пере Митрев нагласи дека учениците од Берово на овие натпревари се меѓу најдобрите во државата, упатувајќи честитки до сите натпреварувачи, учесници и ментори, со желби во иднина за уште поголеми достигнувања и медали.
-Децата од беровскиот регион поточно од општина Берово, традиционално наназад долги години се меѓу најдобрите дечиња во нашата држава и постигнуваат значајни резултати благодарение на нивните ментори, на нивните родители кои ги поддржуваат во сите натпревари.Би сакал да искажам дека овие натпревари се традиционални и единствени од таков вид, на коишто децата изработуваат истражувачки проекти во областа на применети природни и технички науки.Им ги честитам резултатите и наградите на наградените и им се заблагодарувам на сите други учесници кои зедоа учество на овој Државен натпревар – рече Пере Митрев директор на Народна техника на Македонија.
Директорот на беровското училиште ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ упати честитки до сите ученици и наставници, нагласувајќи дека во годините наназад и годинава училиштето ги докажаа успесите со постигнатите резултати.
-Оваа прилика ќе ја искористам да упатам честитки до сите ученици и ментори, кои наназад во годините постигнуваа успеси.Оваа година повторно докажавме дека како училиште максимално вложуваме и се китиме со успеси, а верувам дека следните години наставниците и учениците ќе дадат се од себе за уште поголеми успеси и да се закитат со медали – рече Наташа Аврамска, директор на ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ во Берово.
Инаку оваа година Народна техника на Македонија слави Јубилееј 75 години од нејзиното постоење.
Наградените ученици од 59-от Државен натпревар на млади техничари и природници се:
Диплома за освоено 2 -ро место во областа применетагеографија и сребрен медал за Михаела БеџовскаДиплома за ментор за 2-ро место во областа применетагеографија за Изабела БакаловскаДиплома за освоено 2 -ро место во областа радио техника исребрен медал за Ѓорѓи СкендерскиДиплома за ментор за 2-ро место во областа радио техниказа Бистра Поп ЃорѓиеваДиплома за освоено 3 -то место во областа фото техника ибронзен медал за Лука ЧучурскиДиплома за ментор за освоено 3-то место во областа фототехника за Изабела БакаловскаДиплома за освоено 3 -то место во областа применетахемија и бронзен медал за Глигор ЦаровскиДиплома за ментор за освоено 3-то место во областаприменета хемија за Сузана ГашчеовскаДиплома за освоено 3 -то место во областа агротехника ибронзен медал за Екатерини Смаропулу
Диплома за ментор за освоено 3-то место во областаагротехника за Сузана ГашчеовскаДиплома за освоено 3 -то место во областа астрономија ибронзен медал за Елена РизовскаДиплома за ментор за освоено 3-то место во областаастрономија за Сузана Гашчеовска
Признанија за учество добија:1.ученик-Љубомир Пеовски ментор –Изабела Бакаловскаво областа иновации2.ученик-Јана Цикарска ментор-Сузана Гашчеовска вообласта метеорологија3.ученик-Елена Пачемска ментор-Сузана Гашчеовска вообласта градежништво и архитектура4.ученик –Евгенија Смаропулу ментор- Изабела Бакаловскаво областа екологија
Благодарница беше доделена и на училиштето ООУ „Дедо Иљо Малешевски“-Берово и директорката Наташа Аврамска.
Во продолжение видео од настанот: