Децата се раѓаат овде, учат и живеат во странство. За 10 години, од државата се иселиле над 9.000 ученици . Според податоци од Државниот завод за статистика за последните три години, годишно по над 1.200 основци и средношколци си ги земале документите од матичните училишта и се запишувале во школи во други земји. Пред 2014 година во просек има по 700-800 отселени ученици годишно.
Ова е поразителната слика на македонското секојдневие, која излезе на виделина при анализа на бројот на ученици кои од 2008 досега подигнале исписница од училиштето под образложение дека истото ќе го продолжат во странство.
Дополнително, само оваа година, конкретно во Штип се запишаа 200 ученици помалку во прво одделение:
Бројот на иселени ученици ги потврдува истражувањата на невладиниот сектор според кои процентот на иселени од источниот регион е алармантен:
Најчести држави каде заминуваат нашите сограѓани се Словенија, Шведска, Италија и Германија.
Извор: Тв Стар