ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ДПД НОВА ГОРИЦА – РЕПУБЛИКА СЛОВЕНИЈА ВО ПОСЕТА НА БЕРОВО (ВИДЕО)

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ДПД НОВА ГОРИЦА – РЕПУБЛИКА СЛОВЕНИЈА ВО ПОСЕТА НА БЕРОВО (ВИДЕО)
јуни 02 12:40 2023

Делегацијата од Prostovoljno gasilsko drusrvo NOVA GORICA , Република Словенија, остварија средба со градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски каде што потпишаа Меморандум за соработка и унапредување на општинските услуги, особено во делот на противпожарната заштита.

Од страна на Prostovoljno gasilsko drusrvo NOVA GORICA, за потребите на ТППЕ Берово, донирана е Приколка за шумски пожари, со капацитет од 400 l, со која што се јакнат капацитетите на ТППЕ Берово.

Градоначалникот Пекевски упати благодарност за донацијата, која што ни значи многу и им додели благодарница за унапредување на противпожарната заштита во Берово.Соработката додаде Пекевски ќе продолжи и понатаму, со цел унапредување на општинските услуги кон граѓаните и остварување успешна реализација на заеднички проекти, за подобрување на животот на жителите во двете општини.

Благодарност за донацијата упати и Командирот на ТППЕ Берово, Сашко Руменовски.

Заедно со делегацијата од Нова Горица, во која беа и родителите на Кофол, пожарникарот кој несреќно загина по враќање од доброволната мисија во Малешевијата, ја посетија улицата, која во знак на висока почит беше именувана по него.

Со тоа се продлабочува меѓународната соработка со Република Словенија во градење на нови интракултурни мостови на трајно пријателство.

Во продолжение видео од настанот: