ДАНИЕЛ ТРЕНЧОВСКИ И ДАДЕ ДУША НА БЕРОВСКАТА КАФАНА “ШУМАНЕ” ЗА СНИМАЊЕ НА НЕГОВИОТ СПОТ

ДАНИЕЛ ТРЕНЧОВСКИ И ДАДЕ ДУША НА БЕРОВСКАТА КАФАНА “ШУМАНЕ” ЗА СНИМАЊЕ НА НЕГОВИОТ СПОТ
јуни 12 22:50 2024

Нашиот познат уметник Даниел Тренчовски поранешен учесник на „Ѕвезда Гранд“, неодамна ја воодушеви публиката со новата песна „Казна љубовна“ која ја објави во соработка со Гранд продукција.

Тој за потебите за спотот на песната и даде дух на некогашната позната бровска кафана “Шумане” што се наоѓа на месноста Трската во Берово и која не работеше речиси две децении.

Талентираниот пејач откри зошто дошол на идеја да ја посети родната Македонија и да го сними својот спот во кафеана која со години не работела.

– Дојдовме до таа идеја бидејќи токму таа кафана беше совршена за мојата песна. Во ниту еден момент немаше сомнеж дали треба да го направиме тоа. Инаку, кафаната се наоѓа во мојот роден град, во местото каде што пораснав пред да одам во Париз, и беше навистина преубав. Отворивме кафеана што не работеше 25 години, и таму го снимавме спотот – вели Даниел, додавајќи дека шанкот од спотот бил многу популарен во 80-тите години.

– Сите доаѓаа во тој локал. Лепа Брена и Слатки грех имаа концерт во Македонија некаде во 1983 или 1984 година, Брена пристигна со хеликоптер и дочекот беше организиран во оваа кафана. Затоа уште повеќе ми е драго што имав можност да влезам во кафана која беше затворена со децении и да ја оживеам – додаде пејачот.

Даниел исто така истакнува дека самото снимање било толку уникатно и емотивно и дека наместо статисти ги донел своите најблиски пријатели.

– Статистите во видеото беа моите пријатели и семејството. Мислевме дека нема да биде добро, но на крајот се покажа одлично, толку многу се забавувавме што не ни чувствувавме дека камерите не снимаат. Мислам дека таа емоција се чувствува во спотот и не ме чуди што луѓето реагираат и плачат кога ќе го видат спотот и ќе ја слушнат песната. Тоа ми е најголемо задоволство, тоа значи дека сме завршиле одлична работа – заклучил Даниел чиј нов спот можете да го погледнете во видеото.

  Категории: