ГОЛЕМА ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА НА АХМАДИЈА МУСЛИМАНСКАТА ЗАЕДНИЦА ПОПОВОД КУРБАН БАЈРАМ.

ГОЛЕМА ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА НА АХМАДИЈА МУСЛИМАНСКАТА ЗАЕДНИЦА ПОПОВОД КУРБАН БАЈРАМ.
јули 24 21:27 2021

Меѓународната хуманитарна организација “Хјуменити Фрст“ од Германија, секоја година обезбедува донација во месо за време на празникот Курбан Бајрам.И оваа година за големиот исламски празник, беше спроведена хуманитарна акција во донација на курбнаско месо за најсиромашните граѓани од неколку општини на истокот на Македонија.

Оваа донација е финансирана од членовите на Ахмадија заедницата во Германија каде околу 3000 граѓани од Берово,Пехчево,Виница,Кочани и Куманово, беа посетени дел во нивните домови и собрани за да им биде доделено месо кое што го карактеризира празникот на жртвата Курбан Бајрам.

Големата хуманитарна акција на Ахмадија муслиманската заедницата и „Хјуменити Фрст“ организацијата, ја поздрави и преседателот на партијата на Ромите и советник во кабинетот на премиерот на владата, Аксел Ахмедовски, кој им го честиташе празникот на сите муслимани истакнувајќи ја важноста и поддршката за продолжување на ваквите донации и во иднина.

Граѓаните пак од сите пет општини во источниот дел на Македонија, упатија благоданост до Ахмдија заедницата за поделеното курбанско месо и додадоа дека со овој хуман гест и со многуте други Ахмадија заедницата е репознатлива во овој регион.

Во последните 25 години,Ахмадија муслиманската заедница во Македонија,заедно со хуманитарната организацијата Хјуменити фрст од Германија, им служи на граѓаните на Малешевијата и неколку градови од истокот, со донација на најразлична помош вов вид на лекови,хуманитарни пакети, а за празникот Курбан Бајрам излегуваат во пресрет на сите муслимани и сиромашни со донација на курбанско месо.

Според Исламот колењето на курбанот не е само пролевање на крв. Зад овој ритуал има една подлабока филозофија која е прецизирана со ајет во Куранот а кој гласи : До Аллах нема да допре само месото и крвта на курбанот туку и вашите сторени дела“.