ВО СЕЛОТО БУДИНАРЦИ ПОСТАВЕН КРСТ ВО ЧЕСТ НА МАЛЕШЕВЦИ И РЕВОЛУЦИОНЕРИТЕ ОД ОВОЈ КРАЈ

ВО СЕЛОТО БУДИНАРЦИ ПОСТАВЕН КРСТ ВО ЧЕСТ НА МАЛЕШЕВЦИ И РЕВОЛУЦИОНЕРИТЕ ОД ОВОЈ КРАЈ
ноември 26 22:21 2022

Над селото Будинарци, денес во чест на мештаните, жителите на Малешевијата и револуционерите од овој крај Дедо Иљо Малешевски и Димитар Поп-Георгиев Беровски, беше поставен крст, кој ќе ја симболизира непокорноста на македонскиот народ и кој ќе претставува крст на радоста и воскресението. Крстот е висок 15 метри направен од дрво, додека поставувањето е од страна на Богдан Пачарски, кој потекнува од селото Будинарци, а долги години живее и работи во Скопје.

– Крстот е во чест на нашите револуционери за селото Будинарци за да ја краси Малешевијата. Без ниедна донација, јас самиот го организирав и направив и многу сум благодарен на присутните ки се овде денес. Во таа ситуација денеска како што сме сите разединети ова треба да значи повторно соединување на народот и присетување на револуционерите од Малешевијата. Имаме на план после крстот да направиме една мала црква токму овде и овие две нешта да ја красат Малешевијата. Инаку крстот е висок 15 метри, бидејќи немав донации јас самиот го направив од дрво, искрено и моите сили беа толку. Сакам да остане нешто за моето село Будинарци каде што сум роден и упатувам поздрав до сите пожарникари и луѓето кои учествуваа во гаснењето на пожарите во слео Будинарци и што помогнаа во гаснењето пред две години – рече Богдан Пачарски организатор на настанот.

Од местото на поставениот крст со одлична локација се гледа панорама на целото село Будинарци.На осветувањето на крстот денес освен локалните мештани, беа присутни нашиот познат поет и книжевник кој потекнува од Малешевијата Ефтим Клетников, Сотир Костов како и посетители од околните населени места. Во своето излагање Клетников се осврна на историјата и значењето на видните револуционери од овој крај кои како што рече вакви космополити херои не постоеле во Европа.

-Целта на денешната моја посета овде е поставувањето на крстот од страна на мојот пријател Богдан, кој сакал да постави еден македонски и христијански знак. Крстот го има уште прд христијанството.Ние знаеме дека го има уште во стариот Египет, кој на горниот крак е обележан со круг односно со глава. Тпоа значи човек со раширени раце, човек за живот кој сака да го прегрне животот, а не крст за смрт. Еден крст е тој што е за радост, крст за воскресение, а крстот на болката е оној на кој е распнат Исус Христос. Имено тој крст на болката Македонците го носат многу одамна. Во модерна Европа посебно од 1913 година од Букурешкиот договор, па се до преспа каде на распнаа на крстот на обезличување, на земање на името и сега со бугарскиот договор јас велам за недобрососедство. Овој денешен сончев ден е во знакот на Дедо Иљо Малешевски и Димитар Поп-Георгиев Беровски кои се наверојатно значјни личности од голем формат, така што со нив би се гордееле и многу поголеми земји, како што се Франција, Германија и други кога би ги имале. Јас можам да кажам дека Беровци посебно интелегенцијата не треба само да седат по кафани, туку малку треба да ја активираат свеста и да го обелат образот на своите предци, бидејќи ако го видите местото на родната куќа на Дедо Иљо Малешевски, тоа е срам за градчето – истакна поетот Ефтим Клетников.

На денешниот настан над селото Будинарци во присуство на беровските зурли и тапани, присутните се потсетија на малешевските древни звуци кои низ минатото биле составен дел од сите случувања во Малешевијата. Сотир Костов од местото на поставениот крст во чест на малешевските револуционери, рече дека овој предел е нишка на големите револуционери, кои уште пред Илинденското востание се бореле за слобода на народот и за слободна држава.

-Од овој предел изнедриле големи револуционери, големи војводи кои се бореле и први пред Илинденското востание, ја започнале револуционерната борба за слобода на македонскиот народ и за самостојна држава. Тоа е разловечкото востание и после две неполни години Македонскоте не Кресненско востание. Кресненско е поради Кресна каде се кренало и потоа е проширено низ цела источна и југоисточна Македонија и тоа си е чисто македонско востание. Сите симболи на ова востание, сите акти се со македонски предзнак. Двајцата херои Дедо Иљо Малешевски и Димитар Поп Георгиев Беровски, се луѓе кои учествувале во две востанија. Еве ги печатите на двете востанија и таму пишува македонско востание, што апсолутно нема бугарска поврзаност, туку се е во македонска нишка, во македонска кауза за македонското дело – истакна Костов.

Следниот период токму на местото на поставениот крст над село Будинарци како што додадоа организаторите е предвидено изградба на мала црква. Во рамки на денешниот настан, исто така на мегданот во селото Будинарци, продолжи забава со музика во живо за мештаните, каде во општонародната веселба се свиреа македонски народни песни.

Видео од денешниот настан:

  Категории: