По повод загинувањето на големиот македонски револуционер Даме Груев, денес од страна на ОК ВМРО ДПМНЕ Берово, беше организиран традиционален марш од село Русиново до врвот Петлец, местото каде пред 118 години згаснал неговиот живот.
На традицоналниот марш до Петлец „По врвиците на Војводата Дамјан Груев 2021“, присуствуваше и премиерот на Македонија д-р Христијан Мицкоски.
Чествувањето започна со панихида на гробиштата во Русиново, од каде присутните делегации на ОК ВМРО ДПМНЕ, како и премиерот Христијан Мицковски, се упатија и положија цвеќе на спомен обележјето во центарот на селото каде имаа и свое обраќање.
Апостолот на македонското револуционерно движење Даме Груев за граѓаните не беровско Русиново е од огромно значање и преставаува симбол на селото и симбол на истрајноста во борбата за слобода.
Овој настан традиционално со огромна почит се организира долги години наназад.
Даме Груев, токму на Петлец, во 1906 година, почина како и што живееше: храбро,тврдокорно, со мислата за Македонија.Тој е неизбришлив и безвременски патник кој никогаш нема да исчезне.
„Подобро ужасен крај, отколку ужас без крај“ е една од познатите пораки на големиот македонски револуционер Даме Груев (1871-1906).
Крајот на неговиот млад живот бил во битка, една од многуте што ги имал. Но, за жал, не ја дочекал слободата на Македонија, за која од млад се борел. Сепак, неговото дело остана врежано, а неговиот лик и денес се почитува и чествува во Малешевијата и цела Македонија.
Во продолжение видео и фотогалерија од денешниот настан: