Tattoo Prespa е новото државно студио за тетовирање, во кое граѓаните на сметка на државата, ќе можат да ги отстранат или да ги покријат тетоважите кои се косат со Преспанскиот договор и со тоа да станат фактор на мир и стабилност во овие бурни времиња.
Одлуката е донесена откако после илјадниците шахти и плочници, вчера беше избрусен и последниот симбол на јавна површина – на плоштадот во Крива Паланка, па сонцето остана само на рамениците, листовите, грбот и градите на дел од граѓаните.
Отстранувањето ќе се врши со ласерска брусилица, а секој граѓанин што доброволно ќе се пријави ќе биде награден со ваучер за гратис одмор на крак по негов избор.
Автор: Иљче
Извор: kooperacija.mk