Граѓанската организација „Банка за храна на Македонија“ во соработка со невладината организација “Кхам“ од Делчево, денес во Берово поделија 80 прехранбени пакети на граѓани од ранливи категории.
Претседателот на Банка за храна рече дека оваа акција која е поддржана од Европската Унија во рамки на проектот на ВСС Ефект, освен во Берово се спроведува уште во 20 општини низ цела Македонија.
-Денешниот настан е донесено 80 пакети за ранливи категории граѓани во Берово и околината, во рамки на ВСС Ефект кој проект е поддржан од Европската Унија, одлучивме да низ цела Македонија во 20 општини поделиме сегде по 80 пакети.Денес е денот за Берово и Делчево, минатите денови бевме во други градови утре сме во Дебар, така да акцијата не застанува додека не ја споделиме целата помош што ни е определена од страна на Европската Унија.Во одредени општини сме присутни кога има потреба, односно кога имаме донации бидејќи немаме постојани донации со коишто можеме да одговориме на сите граѓани.Сепак ние сме мала организација, но онаа храна што како помош и донација ја добиваме ја споделуваме со нашите сограѓани. Нашите планови се да се донесе законот за донирање на вишок на храна прку кој убеден сум и тврдам дека значања група наши сограѓани од цела Македонија, ќе имаат можност да добијат помош пред се во храна – рече Душко Христов претседател на Банка за храна.
Од невладината организација „Кахам“ од Делчево која е партнер во овој проект и дава логистика во неговото спроведување, истакнаа дека оваа помош е наменета за ранливите категории граѓани и граѓаните со ниски примања, додека целта на оваа акција е токму и во Берово да биде проширена оваа мрежа и во наредниот период активноститите на Банка за храна да бидат препознатливи и тука.
-Денес сме во Берово во една акција која што која што во рамките на ВСС проектот го спроведува Банка за храна, а ние како нивни партнери, организација која што е во таа мрежа, даваме лигистика односно поддршка и помоош во однос на дистрибуирање на 80 прехранбени пакети кои се наменети за семејства кои што се социјално загрозени, семејства од ранлива категорија.Целта е и во Берово оваа мрежа да биде проширена и во еден нарден период оваа активност односно Банка за храна и активностите да бидат препознатливи.Дене како што реков предвидени се 80 пакети наменети за ранливи категории и се надевам дека во текот на овие денови во соработка со организацијата „Дуј Амала“ кои се исто така наша логистика, истите пакети ќе бидат дистрибуирани на право место – истакна Зекир Абдулов претседател на НВО „Кхам“ од Делчево.
Граѓаните пак на Берово ја поздравија оваа акција и упатија благодарност за добиената помош и додадоа дека ваквите акции треба да продолжат и во иднина.
Освен во Берово, денес исто така 80 прехранбени пакети беа поделени и на ранливите категории граѓани и во соседно Делчево.
Инаку со оваа акцијата на организацијата „Банка за храна“ и НВО „Кхам“, треба да бидат поделени 1620 прехранбени пакети во 20 општини во Македонија, како последица од Ковид 19 пандемијата, која најмногу ги погоди токму ранливите категории граѓани.