(ВИДЕО) ВО ПЕХЧЕВО СВЕЧЕНО ОТВОРЕН НОВИОТ БЕРБЕР САЛОН „ГОЛД“

(ВИДЕО) ВО ПЕХЧЕВО СВЕЧЕНО ОТВОРЕН НОВИОТ БЕРБЕР САЛОН „ГОЛД“
октомври 11 20:56 2024

Во присуство на поголем број гости, денес свечено се отвори новиот бербер салон „Голд“ во сопственост на младиот стилист од Пехчево, Џевад Абдулов, кој ќе нуди услуги на уредување коса и брада за мажи, по терк на светските трендови. Преубаво уредениот салон, на локација во центарот на Пехчево, претставува ново и модерно место кое го разубавува градот.

Судејќи по ентериерот и прекрасно дизајнираниот простор, овој ултра модерен салон, е досега нјдоброто место каде можете да добиете врвна услуга за вашата коса. Сопственикот Абудулов го запрашавме за неговата желба за шишање и идејата за овој бербер салон.

-Уште од мал сакав да бидам стилист поточно, машки бербер и ме привлекуваа различните машки фризури кои некако ми претставуваа пасија и професија со која сакав да се занимавам. Желбата ми беше да отворам и имам сопствен салон, која еве денес е јаве и ми се исполни. Верував дека еден ден тоа ќе се случи и им благодарам на сите присутни, кои дене се тука на отварањето на ова место, кое верувам дека ќе биде посетено од многу Малешевци па и пошироко. Отсега Пехчево ќе може да се пофали со модерно студио за уредување на коса и брада. Ве поканувам од утре да го посетите салонот и верувам дека вашите желби и модни вкусови ќе бидат реализирани од моја страна – рече сопственикот Абдулов.

Ново отворениот машки бербер салон во Пехчево исто така има посебно катче за дечиња, кој на иновативен и интересен начин, со специјално изработен стол за шишање на деца во форма на автомобил, ќе биде привлечен за сите дечиња, а доказ за тоа е и денешниот ден, каде најмалите покажаа голем интерес за да седнат на специјално направениот стол за нив.

Меѓу присутните гости, беше и нашиот познат лик Џамбо Агушев, фронтмен на дувачкиот оркестар Агушеви, кој не изостана да му посака многу среќа и успех во работата на сопственикот. На настанот свечено беше исечена лента, со што се означи почетокот на едно преубаво катче за уредување на коса.

Нека му е со среќа на младиот машки бербер Абдулов и му посакуваме многу успеси и работа во иднина.