Многу компании не обрнуваат внимание на тоа како изгледа работниот простор на нивните вработени. Шпанската компанија “Selgas Kano”не е една од нив.
За да заработат добри плати, потребно е работниците да го дадат својот максимум, а за да го сторат тоа, важно е да бидат задоволни и среќени. Голема улога во сето ова игра и работната средина.
За шпанската компанија “Selgas Kano”, тоа е кристално јасно.
Оваа фирма, која се занимава со архитектура и дизајн, има канцеларија во средината на дивината на Мадрид и е прогласена за една од најубавите во светот!
Ентериерот, екстериерот како и локацијата се идеи на архитектите Jose Selgas и Lucia Cano, кои сметаат дека дневната светлина, свеж воздух и детали во разни бои се најважни за стимулирање на продуктивноста.
Како целосна спротивност на класичните канцеларии -полупразни соби полни со вештачка светлина, оваа канцеларија е вистинска работна оаза, мирно место со прекрасен поглед кое овозможува задоволство, прифаќање и исполнување на работните задачи.
ИЗВОР: faktor.mk