Членовите на офф роад клубот „Малеш“ од Берово, денес самоиницијативно по повод празникот Прочка, реализираа акција за отстранување на паднатите дрвја на Беровско езеро, како причина од паднатиот снег претходниот период. Во благородната акција, се вклучија и сопственици на кампови и куќи на туристичката населба Берово езеро, кои заеднички ги исчистија и отстранија паднатите стебла на критичните места, покрај пешачките патеки и главниот патен правец во овој предел.
Во склоп на акцијата исто така не беше изоставено и традиционалното одење по смрека, со што во вечерните часови со огромен број присутни жители од Берово, го запалија Стреловиштето и го одбележаа паразникот Прочка како што и налагаат беровските обичаи. Ја поздравуваме иницијативата и едно големо браво до членовите на офф роад клубот „Малеш“ од Берово.