АХМАДИЈА ЗАЕДНИЦАТА ОД МАКДЕОНИЈА СО ХУМАНА АКЦИЈА ВО БЕРОВО ЗА ПРАЗНИКОТ РАМАЗАН БАЈРАМ

АХМАДИЈА ЗАЕДНИЦАТА ОД МАКДЕОНИЈА СО ХУМАНА АКЦИЈА ВО БЕРОВО ЗА ПРАЗНИКОТ РАМАЗАН БАЈРАМ
април 20 06:14 2023

Ахмадија муслиманската заедница од Македонија, во пресрет големиот муслимански празник Рамазан бајрам во соработка со општина Берово и општинските институции, спроведе хуманитарната акција со доделување над 100 прехрамбени пакети во градот Берово и населените места на најранливите категории граѓани.

Под мотото „Љубов секому, омраза никому“, џемаатот на Ахмадија заедницата заедно со хуманитарната организација Хјуменити фрст од Германија, исто така обезбедија и лекови за беспомошните стари лица и лица со ниски приходи во Берово, каде заедно со лекарски патроли ги посетија селата, Будинарци, Мачево, Русиново, Владимирово и Двориште.

Градоначалникот Пекевски, со голема благодарност ја поздрави ваквата хуманитарна акција од страна на Ахмадијаза заедницата во Македонија и упати силна поддршка за ваквите акции во пресрет на празникот Рамазан Бајрам.

-Денес во Општина Берово се врши достана на сто прехрамбени пакети со кои во пресрет на празникот Рамазан Бајрам, а истовремено со силна поддршка од Ахмадија муслиманската заедница во Македонија, потмомагаме на одредени христијански и муслимански семејства, полесно и побогато поминување на рамазанските празници. Користам лична прлика од мое име и од името на Општината, да онаа иницијатива која беше прекината поради ковид пандемијата, денес повторно се воспоставува и на мое задоволство а особено задоволство на граѓаните на општина Берово, да во пресрет на овие празници со силна поддршка од Ахмадија муслиманската заедница , достојно се пранува Рамазанскиот празник. Покрај пакети, во програмата е и доделување на лекарска помош и одредена лекарска терапија, која со поддршка исто така на АМЈ, е доделена на пациентите кои примаат редовна терапија, а се со ниски примања – рече градоначалникот Пекевски.

Имамот на Ахмадија муслиманската заедница за Балкоанот, господинот Вацим Ахмад, истакна дека во оваа акција учествувале тим на претставници од општинската администрација во Берово, матичните лекари од Здравниот дом како и соработници од Центарот за Социјална работа во Берово.

– Секоја година во време на Рамазанскиот Бајрам, ние имаме таква акција, со помош на Хјуменити Фрст и Ахмадија муслиманската заедница од Германија. Му благодарам на градоначалникот на Берово, за соработката каде пред месец дена ние направивме план за во градот Берово, во која голем труд вложи и Центарот за Социјална работа и госпоѓата Благица од општинската администрација за успешноста на овој проект, во кој беа вклучени екипа од повеќе луѓе во кои учествуваа и лекарите од Здравствениот Дом во Берово кои многу ни помогнаа. Се надевам дека и во иднина ќе соработуваме со Општина Берово за добробит на граѓаните кои живеат овде – рече Васим Ахмад, имам на Ахмадија муслиманската заедница на балканско ниво.

Пекевски додаде дека ваквите хумани акции и понатаму ќе продолжат во соработка со Ахмадија заедницата во Македонија, со цел да бидат задоволени барањата и потребите на граѓаните на Берово каде најбитна е хуманоста и солидарноста во овие тешки времиња.

-Како што спомна и господинот Васим, помошта и не е толку голема, но битна е хуманоста и солидарноста во овие тешки моменти, да ги задоволиме барањата и потребите на граѓаните. Инаку иницијативата потекна токму од господинот Васим, во кои беа вклучени неколку институции, а особено благодарност до матичните лекари и секако без поддршката на Ахмадија муслиманската заедница од Македонија, немаше да бидеме во можност денес тоа да биде реализирано, така да и во овие тешки времиња, сепак има фондации кои помагаат и се хумани и пред се солидарни. Досега соработката со нив е во партнерски однос и сме благодарни, верувам дека во досегашните добри односи ќе продолжиме со соработка и во други полиња, доколку најдеме заеднички интерес тоа да биде обострано и во функција за потребите на граѓаните на општина Берово – додаде Пекевски.

Граѓаните пак упатија голема благодарност до членовите на Ахмадија заедницата и не изоставија да го покажат своето задоволство, со реакција за во идниот период ваквите хумани дела да продолжат.

Инаку секоја година Ахмадија заедницата обезбедува хуманитарни пакети за сите граѓани на кои навистина им е потребна помош, без разлика дали се христијани или муслимани, а целта е секоја да ја почувствува топлината и убавината на празникот Бајрам и љубовта кон секој човек .

По месецот на постот утре муслиманите го слават најголемиот празник Рамазан Бајрам, додека Ахмадија заедницата активно веке 20 тина години работи на овие простори со огромни резултати на почит и соработка помеѓу луѓето.

Во продолжение видео од настанот: