АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА ЃОКО КОКОЛАНСКИ ОД РУСИНОВО

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА ЃОКО КОКОЛАНСКИ ОД РУСИНОВО
ноември 15 22:21 2022

Џоко Коколански од Русиново е роден 1983 година. Завршил факултет на ДИФ, работел како забен техничар, се стекнал со диплома за Кинезитерапија и работел и како терапевт. Велосипедист, активен и здрав човек кој од Русиново животната патека го носи во Скопје каде работи на повеќе работни места, заработува, се труди. Го гради животот не ни помислувајќи дека и покрај здравиот начин на живот ќе заврши во болнички кревет, дека само еден месец после свадбата со својата животна избраничка ќе се соочи со борба за живот. Тежок мозочен удар ја менува неговата и судбината на неговите најблиски. Пет години ги поминуваат по болничките соби во борба да преживее, да се врати. Родителите во очај сета заштеда ја трошат со надеж дека нивното чедо ќе застане на нозе, го продаваат целиот имот, но ете до тука било. Финансиски изнемоштени и душевно истрошени се враќаат во Русиново, каде ги најдовме и ние. Скршени од болка, но со верба дека Бог ќе им помогне, ќе им даде сила да продолжат да се борат за животот на своето чедо.

Од фондацијата „Елеуса“ кои деновиве го посетија Џоко во родната куќа во Русиново, обезбедиле преку нивни пријатели и хуманитарци инвалидка количка, пакет храна, но како што велат потребни се средства за уредување на собата каде што престојува Ѓоко, па половина од средствата веќе се обезбедени од хумана сограѓанка.

-Однесовме пакет со храна, но низ солзи ни велат не ни треба храна се снаоѓаме некако, но детето ни лежи во ладна соба. Веќе финансиски истрошени немаат ниту за капар да платат за да се стави изолација на собата во која ќе лежи Џоко оваа зима. Не можат да одат да заработат нешто плус оти и мајката и таткото не се само родители туку и болничари, лекари на своето дете, оти мора постојано да се до неговиот кревет за да прими на време терапија, да му сменат пелена, да го нахранат и напојат преку цевките, да се грижат за него 24 часа во денот.Не сакавме и не можевме да кажеме дека не можеме да им помогнеме, но не можевме и да си заминеме без да им дадеме надеж дека има добри луѓе кои веруваме дека нема да останат рамнодушни на овој случај.

Преку наши пријатели, луѓе хуманитарци, обезбедивме нова инвалидска количка поради тоа што старата е веќе многу оштетена, но драги наши браќа и сестри, од вкупната сума од 2000 евра која е потребна за изолација на собата на Џоко, уште првиот ден наша сограѓанка кога ја слушна голготата на ова семејство донираше половина од сумата. Останува сите заедно да ја собереме и другата половина од 1000 евра за да им помогнеме на овие луѓе и да им ја потврдиме Божјата милост и добрина и дека Бог ги услишува молитвите на страдалниците – истакнаа од фондацијата „Елеуса“.

„Блажени се оние што плачат, зашто тие ќе се утешат!“ (Матеј 5,4)

Вака беседел нашиот Христос на гората, а ние толку силно се надеваме дека овие луѓе навистина ќе најдат утеха оти, за волја на вистината, нивната вера е голема како планина.

Ве замолуваме, сите оние кои сакате да донирате за овој случај тоа да го направите на нашата

Жиро-сметка: 300030000262856

Фондација ЕЛЕУСА Струмица

Цел на дознака: Донација за Џоко Коколански

или на нашата девизна сметка:

KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BRANCH STRUMICA

MACEDONIA

SWIFT: KOBS MK 2X SRB

Beneficiary Customer:

IBAN: MK07300701003869006

FONDACIJA ELEUSA

STRUMICA

Kiril i Metodij 24

STRUMICA,

R.MACEDONIA