АЛЕКСАНДАР КИТАНСКИ НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ПЕХЧЕВО ЈА ПРЕЗЕДЕ ФУНКЦИЈАТА: ВЕТИ ДЕКА ЌЕ РАБОТИ ОДГОВОРНО И ЧЕСНО

АЛЕКСАНДАР КИТАНСКИ НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ПЕХЧЕВО ЈА ПРЕЗЕДЕ ФУНКЦИЈАТА: ВЕТИ ДЕКА ЌЕ РАБОТИ ОДГОВОРНО И ЧЕСНО
ноември 08 13:42 2021

Денес со симболично предавање, Александар Китански и официјално ја презеде функцијата градоначалник на Општина Пехчево.

На денешното свечено примопредавање на функцијата, досегашниот градоначалник Драган Тренчовски му посака успех во водењето на градот на новоизбраниот градоначалник Александар Китански.

-Денес извршивме примопредавање на функцијата градоначалник на општина Пехчево на новоизбраниот Александар Китански на кој му посакувам успешна и плодна работа.

Го запознав со моменталната состојба на општината како и со тековните активности и идни проекти кои треба да отпочнат со имплементација. Со наследен долг, основен 65.000.000 денари, намален на 10.000.000 денари и камати отпишани над 24.000.000 денари раздолжени вкупно над 80.000.000 денари или 1.300.000 евра е постигната финансиска стабилност на Буџетот на Општината.

Тренчовски во својот говор ги спомна и проектите кои се во тек во општината: Изградба на три улици во село Црник со обезбедени 5.000.000 денари за нивна целосна имплементација, изградба на социјална зграда со 34 стамбени единици за семејства од социјален ризик, потпишан договор, гранд од Светска банка за реконструкција и рехабилитација на улици во Пехчево со обезбедени 36.000.000 денари, преку Центарот за развој на Источно пласнки регион одобрен е проект за изградба на спортски центар на Туристичката населба „Равна река“ со обезбедени 12.000.000 денари, изработена техничка документација над 30 проекти, кои веднаш може да се аплицираат до разни програми и фондови до обезбедување на финансии за нивна имплементација. Пехчево мора да продолжи со иста темпо на работа, модерно, прогресивно и просперитетно место за живеење, рече поранешниот градоначалник Драган Тренчовски.

Тој на сите новоизбрани членови во Советот на Општина Пехчево им посакувам многу успех и натпревар со идеи и предлози на проекти до нивна имплементација, само и единствено во интерес на граѓаните на општина Пехчево.

Во својот прв говор како градоначалник, Китански рече дека ќе работи чесно и посветено за општина Пехчево.

„Време за губење нема. Веднаш започнуваме со работа и реализација на проекти, кои беа дел од мојата предизборна програма. Свесен сум дека нема да биде лесно, свесен сум за предизвикот, но само со напорна работа, трудољубивост и сплотеност, ќе ги оствариме зацртаните цели, да го направиме Пехчево поубаво место за живеење за сите нас. Ја користам оваа прилика да упатам пораки до Собранието и Владата на Република Македонија, бидејќи сите сме свесни дека за дел од проектите, треба финансиски да бидат поддржани од централната власт. Упатувам порака и до советниците на Општина Пехчево – време е за носење на разумни одлуки, одлуки кои ќе не сплотуваат, одлуки кои ќе се гласаат едногласно, за доброто на нашиот град. Упатувам порака и до вработените во општинската администрација – јас ќе подадам рака, тоа го очекувам од вас. Граѓаните на Пехчево очекуваат повисок степен на извршување на обврските. И на крај, упатувам силна порака до ЈКП Комуналец – граѓаните на Општина Пехчево очекуваат, како никогаш до сега, почисто, позелено и поубаво Пехчево“, рече градоначалникот Александар Китански во своето прво обраќање.

Тој додава дека денес е голем ден за демократијата во Пехчево.

-Ова што го правиме денес, сметам дека е голем ден за демократијата во Пехчево, затоа што на Пехчево му прилега на ваков, достоинствен, убав начин да се врши примопредавањето на власта и посакувам тоа да биде секогаш традиција.

Пред оваа церемонија, ние имавме убава средба со сега веќе поранешниот градоначалник, поразговаравме за сите важни работи кои сметавме дека е добро да ги споделиме, додава Китански.

  Категории: