Ви го честитам 11 Октомври, Ден на народното востание на македонскиот народ и ден на борецот, со желби за голем напредок и просперитет во продолжувањето на градењето на нашата држава.
На 11 Октомври, знајни и незнајни борци, јунаци, херои, со визија за слободна, независна и просперитетна Македонија, во Прилеп и Куманово, го означија почетокот на Народно-ослободителната борба во Македонија.
Денешната слобода, им ја должиме на нашите предци, херои, визионери, кои се изборија за слободата и се втемелија во создавањето на нашата татковина.
11 Октомври, е темелник на вековните определби на граѓаните во Македонија, за слобода и мир, како и означување на почетокот на вековната борба за самобитност и самостојност.
Денешните генерации, имаме обврска да ја зачуваме слободата и да продолжиме да ја градиме државата .
Нека ни е честит и вековит 11 Октомври- Денот на народното востание, на македонскиот народ!
Ваш Градоначалник
ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ