ФУДБАЛСКИОТ КЛУБ МАЛЕШ ЈА СОВЛАДА ТИВЕРИЈА СО 3:1.

ФУДБАЛСКИОТ КЛУБ МАЛЕШ ЈА СОВЛАДА ТИВЕРИЈА СО 3:1.
април 11 20:41 2021

Во рамките на Третата македонска лига Исток, денес фудбалерите на Малеш на градскиот стадион во Берово ја совладаа Тиверија од Струмица со резултат од 3:1. Избраниците на тренерот Аврамски и покрај негативниот резултат од 0:1 на полувреме, во текот на целиот натпревар доминираа над гостите од Струмица. Вториот дел од натпреварот Малеш го одигра моќно, па со двата гола на Ерол Пилов и Мараијанчо Пачарски, трите бода останаа во Берово.

Со оваа победа екипата на Малеш се наоѓа на 5 место во Третата македонска лига Исток со освоени 25 бодови.

Еве ги резултатите и табелата од денешното коло:

  1. Овче Поле – Василево неодиграно
  2. Брегалница – Детонит 0:2
  3. Карбинци – Хоризонт 0:2
  4. Малеш – Тиверија 3:1
  5. Спартмани – Работник 0:2
  6. Раклиш – Чешиново 1:3

Табела

  1. Детонит 38
  2. Брегалница 35
  3. Хоризонт 34
  4. Овче Поле 31 -1
  5. Малеш 25
  6. Чешиново 21
  7. Спартмнани 16
  8. Тиверија 16
  9. Раклиш 14
  10. Карбинци 13
  11. Работник 10
  12. Василево 4 -1

  Категории: