СРЦЕТО НА ПРЕРАНО ЗАГИНАТАТА ДЕВОЈКА ОД БЕРОВСКО, МУ ДАДЕ ВТОР ЖИВОТ НА 27 ГОДИШНО МОМЧЕ.

СРЦЕТО НА ПРЕРАНО ЗАГИНАТАТА ДЕВОЈКА ОД БЕРОВСКО, МУ ДАДЕ ВТОР ЖИВОТ НА 27 ГОДИШНО МОМЧЕ.
април 17 11:17 2021

Срцето на Верица од Беровско ќе живее! Девојчето кое пред некој ден беше удрена на пешачки во Струмица, ја загуби борбата со животот, но му даде нов живот на 27 годишно момче.

Успешно заврши втората трансплантација на срце во историјата на Македонија, која започна ноќва на полноќ. Младо момче го доби срцето на прерано загината девојка, чие семејство се согласи нејзините органи да бидат донирани.

Во 3 часот и 33 минути утринава кај 27-годишно момче зачука ново, донирано срце! Ова е втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија.

Честитки до сите колеги и благодарност до целиот тим кој во текот на целата вечер неуморно работеше! Ова е огромен успех на македонското здравство, кој немаше да биде возможен без согласноста за донирање органи од семејството на младата пациентка која прерано го загуби животот.

  Категории: