СПОРТ:Балотели: Кога Ливерпул ќе ја освои Премиер лигата, тоа ќе биде крај на светот!

СПОРТ:Балотели: Кога Ливерпул ќе ја освои Премиер лигата, тоа ќе биде крај на светот!
март 27 23:13 2020

Иако звучеше само како празна изјава, денес, како да се претвора во сурова реалност. Марио Балотели, поранешниот ас на Ливерпул, е познат по своите глупости на теренот, но и по контроверзните изјави.

Една од нив гласи вака: „Кога Ливерпул ќе ја освои Премиер лигата, тоа ќе биде крај на светот“. Интересно, оваа изјава италијанскиот фудбалер ја даде во 2012 година, односно пред цели осум години.

И баш во моментот кога Ливерпул ја има титулата в џеб, затоа што предноста само теоретски е достижна, иако реално не е, светот запре. Коронавирусот ја покоси планетата, а спортските настани се во мирување. 

Кога ќе продолжи спортската сезоната и дали воопшто ќе се случи тоа, е едно големо прашање кое сè уште нема јасен одговор. Последната одлука од челните лица на Премиер лигата е дека фудбал нема да има сигурно најмалку од мај, а што понатаму – времето ќе покаже.

Извор:gol.mk

  Категории: