СОВЕТНИЦИТЕ НА ОПШТИНА БЕРОВО ДОДЕЛИЈА 150.000 ДЕНАРИ ОД СВОИТЕ ПАУШАЛИ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ОД ЗЕМОЈОТЕРСОТ ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА

СОВЕТНИЦИТЕ НА ОПШТИНА БЕРОВО ДОДЕЛИЈА 150.000 ДЕНАРИ ОД СВОИТЕ ПАУШАЛИ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ОД ЗЕМОЈОТЕРСОТ ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА
февруари 15 11:09 2023

Советот на Општина Берово, на денешната седница , додели 150.000,00 денари за настраданите граѓани, во земјотресот во Турција и Сирија.

Оваа Седница е од хуманитарен карактер, па на истата, советниците, едногласно, донесоа одлука, дека се откажуваат од надоместокот, кој им следува согласно Закон, за одржување седницата.

Во соопштението, кое во име на Советот на Општина Берово, го прочита претседателката на Совет, Марија Буровска, се вели:

-Со длабоко жалење и вознемиреност, ја примивме веста, за катастрофалниот земјотрес во Турција, која пристигна утрото на 06.02.2023 година.

Секојдневно преку медиумите, ги следиме страшните слики и се молиме, да се спасат повеќе луѓе.

Советот на Општина Берово, упатува искрено сочуство до семејствата на загинатите.

Секој сака да помогне во таквите тешки моменти и сите се вклучуваат во светската кампања, за помош на настраданите.
Нема човек кој во такво зло, не сака да помогне.

Како и сите така и ние, советниците во Советот на Општина Берово, сочувствуваме и сакаме да помогнеме и да овозможиме на преживеаните полесно да ги пребродат овие тешки моменти , да можат да се стоплат, нахранат, облечат и да си обезбедат свој топол дом.

Свесни сме дека ништо не може да ги надомести изгубените животи, не согласно можностите на нашата општина , искажуваме сочуство и сакаме да помогнеме.

Се молиме, никогаш и никаде повеќе, такви катастрофи да не се случат!

  Категории: