СИНДИКАТИТЕ БАРАА УКИНУВАЊЕ НА ВРАБОТУВАЊЕ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ.

СИНДИКАТИТЕ БАРАА УКИНУВАЊЕ НА ВРАБОТУВАЊЕ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ.
април 03 16:56 2018

Синдикатите бараат крај на манипулациите со вработувањата. Договорите за работа на определено време за почеток да бидат со намалено времетраење, а во иднина и целосно да се укинат.

Согласно Законот за работни односи договорите на определено време се определени да траат пет години, а синдикатите се децидни дека тоа е предолг временски период за да оцени работодавачот дали работникот е способен да ја извршува работната задача.

„… Тоа создава несигурност кај вработените на овој начин. Договорите се прекинуваат пред истекот или порано и не може да се оствари одредени права согласно Законот за пензиско осигурување…“, стои во реакцијата на Синдикатот на органите на управата.

Според нив, сегашниот рок од пет години треба да се ограничи на максимум две како што е во земјите од регионот и во Европа.

Инаку, вработувањата на определено време, сре најкарактеристични за образованието, здравството и приватниот сектор. Истите,  со години наназад се посочуваа како главна причина за присисок врз вработените и за уцена.

ИЗВОР: Тв Стар

  Категории: