СЗО:98% ОД ПОЛИТИЧАРИТЕ ВО ЗЕМЈАВА ЗАРАЗЕНИ СО КОРУПЦИЈАВИРУС.

СЗО:98% ОД ПОЛИТИЧАРИТЕ ВО ЗЕМЈАВА ЗАРАЗЕНИ СО КОРУПЦИЈАВИРУС.
мај 02 14:17 2020

Светската здравствена организација (СЗО) денес предупреди дека според последното тестирање спроведено во земјава, дури 98% од политичарите се позитвни на корупцијавирусот, додека останатите 2% не биле достапни за тест.

Според досегашните истражувања, вирусот е лесно пренослив при контакт со државни пари, а најризични се пониските ешалони во партијата како и на младите сопартијци, кои едвај чекаат да добијат шанса и да покажат што префатиле од своите постари колеги.

СЗО им порача на граѓаните на време да се заштитат од носителите на овој опасен вирус и да го спречат неговото понатамошно ширење, така што ќе почнат да мислат со своја глава и ќе внимаваат кому му го даваат гласот на избори.

Автор:Иљче

  Категории: