СЕ АСФАЛТИРА УЛИЦА ВО ЦЕНТАРОТ НА СЕЛО ДВОРИШТЕ

СЕ АСФАЛТИРА УЛИЦА ВО ЦЕНТАРОТ НА СЕЛО ДВОРИШТЕ
февруари 25 16:50 2022

Со реконструкција на улица во центарот на с. Двориште, привршуваат градежните активности по проект ,, Македонија без кал”, кој што Општина Берово  го реализира преку Министерството за транспорт и врски, со поддршка од Светска банка.

Денеска Градоначалникот Пекевски,  изврши увид во градежните активности, а на селскиот мегдан го пречекаа задоволни граѓани, кои после долги години начекаа соодветна нова патна инфраструктура, од влезот во селото, до ,,Чурилското маало” во должина од 3350 метри.

Со  реконструкцијата на овој пат,  се обезбдува  поголема безбедност и подобра комуникација помеѓу населените места и значително  се подобрува  квалитетот на живот на жителите на  село Двориште.

Проектите за развој на модерна инфраструктура, во изградба на нови патишта, рехабилитација на регионални и магистрални патни правци, се рализираат со средства обезбедени преку Министерството за транспорт и врски, со примарен фокус на  регионалното поврзување и посебен прироритет на локалните патни правци, со цел забрзан локален развој и модернизација на македонските општини.

На мое големо задоволсто, жителите од најнаселеното село во општина Берово конечно добиваат обновена патна инфраструктура и искрено верувам дека придобивките од реализацијата на овој проект, ќе бидат одржливи и ќе продолжат да траат во годините што следат, истакна Градоначалникот Пекевски.

  Категории: