ПОЧНУВА ПРОЦЕНКАТА ЗА ОБНОВУВАЊЕ НА ОПОЖАРЕНИТЕ ПАСИШТА ВО ДРЖАВАТА.

ПОЧНУВА ПРОЦЕНКАТА ЗА ОБНОВУВАЊЕ НА ОПОЖАРЕНИТЕ ПАСИШТА ВО ДРЖАВАТА.
август 16 18:38 2021

ЈП за стопанисување со пасишта – Скопје, од Кочанско го започна увидот во состојбите со опожарените државни пасишта кои настрада од големите пожари кои периодов ја зафатија Македонија.

Според првичните проценки, зафатена е поголем површина на пасишта за што во периодов што следи посебна комисија за проценка ќе подготви детален извештај за состојбите со пасиштата и процесот на нивното обновување.

-ЈП за стопанисување со државни пасишта, од денеска па понатаму активно ќе биде на терен за да ги посети опожарените пасишта и штетите кои настанаа од огнените стихии во државата.Според првичните поценки зафатена е поголема површина на зелени пасишта, нискостеблеста шума и сува трева, па поради тоа во сорботка со Владата на Р. С. Македонија ќе работиме на обнова на пасиштата и враќање во првобитната состојба. Од проценките ќе се направи информација во која ќе бидат опфатени параметри во врска со состојбите со пасиштата во државата. Планирано е да се формира стручна екипа, експерти и во секое опожарено пасиште да биде повторно обновено, истакна  Виолета Илиевска, заменик-директор на ЈП за стопанисување со државни пасишта.

Според податоците, повеќе од 1000 грла добиток во Кочанско се останати без храна поради опожарените тревни пасишта. Сточарите од регионот побараа помош од Владата за интрвентно обезбедување на храна за добитокот бидејки постои поголем недостаток од истата.

Увидот на оштетените пасишата од пожарите ќе трае до крајот на овој месец, а стручна екипа од Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта ќе направи анализа за тоа на кој терен каков вид трева треба да се засее. По завршувањето на тендерската постапка се очекува изградбата на инфраструктурата за напојување на стоката и за заштита на овчарите да се реализира во октомври. 

Извор: glasno.mk

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.