Потпишан договорот за реконструкција на 4-тата ламела од Домот за стари лица „д-р.Иван Влашки“

Потпишан договорот за реконструкција на 4-тата ламела од Домот за стари лица „д-р.Иван Влашки“
септември 26 15:19 2022

Денеска  Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски,   потпиша договор за соработка, со Министерството за труд и социјална политика, за реконструкција и адаптација на Домот за стари лица „д-р.Иван Влашки“ – 4 ламела, со што Општина Берово ќе работи на зголемување на капацитетот, за нови 28 корисници во домот.

Целта на договорот е унапредување, промоција и поддршка на политиките за развој на социјалните услуги на локално ниво и подобрување на квалитетот и пристапот на услугите,  согласно потребите на граѓаните во социјален ризик.

За ваквата адаптација од страна на Министерството за труд и социјална политика, издвоени се 14.165.699,40 денари, вкупна вредност со ДДВ.

Како општина и понатаму продолжуваме  да  ги препознаваме потребите на граѓаните, особено потребите на повозрасната група на граѓани и да овозможуваме достоен живот за сите.

Голема благодарност до Министерството за труд и социјална политика, кое не препознава како сериозен партнер во развојот на социјалните услуги на локално ниво и ни овозможува реализација на вакви големи проекти.

Продолжуваме со заложбите за унапредување на квалитетот на живот на старите лица и на сите граѓани во Општина Берово.


Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/includes/single/post-tags-categories.php on line 7
  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар


Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 206

Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 225

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.