ПЕКЕВСКИ: ОПШТИНА БЕРОВО ГИ ОСУДУВА НАВОДИТЕ НА ОК ВМРО ДПМНЕ БЕРОВО ЗА ВРАБОТУВАЊЕТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОВЕТОТ КАКО БИБЛИОТЕКАР

ПЕКЕВСКИ: ОПШТИНА БЕРОВО ГИ ОСУДУВА НАВОДИТЕ НА ОК ВМРО ДПМНЕ БЕРОВО ЗА ВРАБОТУВАЊЕТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОВЕТОТ КАКО БИБЛИОТЕКАР
октомври 13 13:00 2022

По денешната реакција на ОК ВМРО ДПМНЕ БЕРОВО за вработувањето на претседателот на Советот на општина Берово, градоначалникот излезе со одговор во кој се вели:

Општина Берово најостро ги осудува наводите на локалниот комитет на машината за лажни вести – ВМРО ДПМНЕ за вработување на претседателот на Советот на Општина Берово како библиотекар во Домот на Културата во Берово.

Изборот на најдобар кандидат за тоа работно место е согласно систематизацијата и сите позитивни закони на Република Северна Македонија. Општина Берово во последните два мандати на оваа раководство на општината се води од сите принципи на професионалност, транспарентност и отчетност пред граѓаните и во таа насока разликите се видливи од сите граѓани. Граѓаните двапати со акламација го препознаваат квалитетот и ја даваат довербата бидејќи Општина Берово се раководи и развива согласно нивните очекувања и потреби.

Го прашуваме ДПМНЕ како немаше „непотизам“, „клиентелизам“ и „партизација“ на последните два огласи за наставници на кои беа избрани и ги пополнија работните места советници на ВМРО-ДПМНЕ, а од пред две недели има и заменски наставник кој е најголем активист на ДПМНЕ? Зошто тогаш не реагиравте и обвинивавте туку сега? Дали ќе ги оспорите и нивните професионални квалитети? Дали Вие кога владевте и во иднина единствено партиската припадност Ви беше и ќе Ви биде за вработување?

Како Општина можеме да потсетиме по кои „критериуми“ се бираа и вработуваа луѓе во времето на ДПМНЕ токму со примерот на сопругата на градоначалникот Пекевски, која како единствен кандидат за наставник по конкретниот предмет, не беше ни земена во обзир туку беше донесен кадар од соседен град само заради партиска припадност кон вашата машина за лажни вести. Да потсетиме дека токму изберениот кандидат за библиотекар беше избркана од работа во времето на режимот на ДПМНЕ, без да смее да поднесе приговор и жалбена постапка.

Општина Берово апелира до ВМРО-ДПМНЕ конечно да се освести и да сфати дека блокирањата, подривањата, поделбите и лажните вести не ја даваат потребната помош на државата и граѓаните кои им се потребни во овие кризни и тешки времиња.

Заедништвото, обединетоста, конструктивноста и квалитетните предлози се она што ќе им даде сила на граѓаните и државата полесно да ги пребродите овие кризни моменти и тешки времиња.


Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/includes/single/post-tags-categories.php on line 7
  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар


Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 206

Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 225

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.