ПЕКЕВСКИ: МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА Е СТАБИЛНА, ДРЖАВАТА Е ТУКА ЗА ОПШТИНИТЕ, ЗА НАРОДОТ, ЗА СЕКОЈ ЧОВЕК

ПЕКЕВСКИ: МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА Е СТАБИЛНА, ДРЖАВАТА Е ТУКА ЗА ОПШТИНИТЕ, ЗА НАРОДОТ, ЗА СЕКОЈ ЧОВЕК
октомври 14 15:57 2021

Звонко Пекевски, каднидат за градоначалник на општина Берово од редовите на СДСМ:

Владата ја врати финансиската кондиција на општините. 50 милиони евра народни пари нè чинеа дел од наследените режимски општински долгови. Со домаќинлак го менаџиравме наследениот минус во оштината. Денес Берово е општина без долгови, со вратена доверба која финансира проекти за подобрување на животот на сите свои граѓани.

Приходите за општините ќе се зголемат уште повеќе. Има пари, а ќе има уште повеќе за општините – единствениот услов е општините, советите и градоначалниците да се транспарентни и отчетни и да не го кочат, да не го блокираат развојот на општината.

Развојот на општините зависи од локалните совети. Гласајте за развој, а не за блокади.Гласот на најдобриот градоначалник мора да оди заедно со гласот за најдобрата советничка листа. Не давајте глас за советници кои се спремаат да блокираат. Не им доволувајте за пуста партиска превласт да го кочат развојот.

Знаеме сите што се блокираа ДПМНЕ во Собранието. Илјадници амандмани за да не стигне економската помош кај граѓаните. Но, колку и да блокираат, кога се малцинство не му можат ништо на народот. Затоа, Мицкоски и ДПМНЕ мора да бидат малцинство во советите. Блокадите мора да бидат поразени. Да не им дозволиме да блокираат градинки, школи, улици. Изградбата не смее да биде запрена од лошотијата и неспособноста на Мицкоски и неговите советници. Затоа, колку помалку советници добијат ДПМНЕ и Мицкоски, толку помалку блокади на во нашите општини. Гласајте за советници кои ќе бидат одговорни кон својот народ, кои ќе иницираат и нема да блокираат соработка со централната власт. Не гласајте за блокаторите.

напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.