ОНЛАЈН ПРЕДАВАЊЕ: КОМПОЗИТОРИТЕ НА МАКЕДОНСКОТО ФИЛМСКО ПЛАТНО

ОНЛАЈН ПРЕДАВАЊЕ: КОМПОЗИТОРИТЕ НА МАКЕДОНСКОТО ФИЛМСКО ПЛАТНО
октомври 22 12:46 2021

На 25 октомври (понеделник) во 8.00 часот ќе се одржи онлајн предавање со наслов „Композиторите на македонското филмско платно“ во Берово и Малешевијата. Настанот ќе го во води  проф. д-р Александар Трајковски, чија тесна специјалност е токму македонската филмска музика, а модератор на пeдавањето ќе биде Бистра Георгиева.  Целта на предавањето е афирмација на жанрот филмска музика (поконкретно, домашната) и е насочено кон помладата популација. Со неговото реализирање, ќе се овозможи промовирање на најновите достигнувања од областа на македонската филмска музика, зголемено информирање на младите за посочената тематика, воспитување и градење на вкусот на младите луѓе, како и развивање на нивните способности за естетско расудување и издвојување на убавото во уметноста.

Во рамките на предавањето, ќе биде претставена анализа, која ја опфаќа музиката во играните филмови од 1952 година, па сè до денес, надополнета со повеќе аудио-визуелни презентации. Направен е богат избор од најистакнатите филмски дела, од кои се издвоени филмски сцени илустрирани со музика. На тој начин, слушателите ќе имаат можност директно да се запознаат со темата која што претставува предмет на елаборација. Во последниот дел од предвањето ќе има отворена дискусија, на која слушателите ќе имаат можност да му поставуваат прашања на предавачот, со што, суштински ќе се продлабочат нивните интереси и ќе се добијат одговори на сето она што ги интересира. 
Предавањето e поддржано од Министерството за култура, а ќе биде отворено и за сите други заинтересирани кои сакаат да се приклучат.

Линк за настанот: https://us02web.zoom.us/j/81449510785?pwd=K3FWVllvU3YwSjl0RjU3RlQ2SHloZz09
Meeting ID: 814 4951 0785
Passcode: 056600

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.