ОК ВМРО ДПМНЕ БЕРОВО: СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ОД БЕРОВСКАТА ГИМНАЗИЈА,НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА ЈА ДОЧЕКАА СО ИЗВАДЕНИ ПРОЗОРИ

ОК ВМРО ДПМНЕ БЕРОВО: СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ОД БЕРОВСКАТА ГИМНАЗИЈА,НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА ЈА ДОЧЕКАА СО ИЗВАДЕНИ ПРОЗОРИ
септември 04 11:17 2021

ОК ВМРО ДПМНЕ Берово, на денешниот прес обвинија дека поради промена на прозорите на гимназијата во Берово, средношколците го дочекаа почетокот на школската година со извадени прозори во нивните кабинети.

-После година и половина неработење на училиштата заради короната, директорот на гимназијата со одобрение на градоначалникот Пекевски, на само еден ден пред започнување на школската година, реши да ја смени алуминиумската столарија со пластична на вториот кат од гимназијата.Заради тоа кога средношколците на 1 Септември влегоа во просториите на гимназијата и во нивните кабинети за настава на вториот спрат, ги дочекаа извадени прозори, а утринската температура на 1 Септември беше 7 степени, па гледајте колку пријатно и убаво се чувствувале нашите средношколци на првиот школски ден – истакнаа од партијата.

Од партијата посочија дека сеуште не се во функција кабинетите за настава, додека професорите и учениците сеуште немаат добиено распоред на часови, затоа што директорот на гимназијата и градоначалникот не можат да го надминат кадровското кроење на часови на професорите.Поради оваа ситуација и немањето услови за учење додадоа од партијата, средношколците од беровската гимназија на 3 Септември биле да се растрчаат со крос активности на отворено.

-Оваа ситуација продолжува и денес, така да сеуште не се во функција кабинетите за настава и сето тоа како резултат на транспарентното и одговорно работење на градоначалникот и директорот на средното училиште.И уште пожално и позагрижувачки е тоа што професорите и учениците во СОУ „Ацо Русковски“ во Берово, сеуште немаат добиено распоред на ќасови, зошто директорот и градоначалникот никако не можат да го надминат кадровското кроење на часови на професорите, па затоа бидејќи гимназијалците сеуште немаат ниту распоред, ниту кабинети за настава, вчера на 3 Септември сите на крос, ете така да се растрчаат, бидејќи немаат услови за учење, после само два дена школо – додадоа од ОК ВМРО ДПМНЕ Берово.

На денешниот прес од партијата упатија прашање до градоначалникот: Дали ова што се случува во Беровската гимназија е сликата на Вашето транспарентно, одговорно и домаќинско работење, па макар и на штета по здравјето на средношколците и на штета на училишниот процес за кој имавте година и половина да се подготвите?

Во продолжение погледнете го денешниот прес на ОК ВМРО ДПМНЕ Берово.

  Категории: