ОК ВМРО ДПМНЕ БЕРОВО, ПОДЕЛИ ИФТАР ВЕЧЕРА НА МУСЛИМАНИТЕ ОД БЕРОВО.

ОК ВМРО ДПМНЕ БЕРОВО, ПОДЕЛИ ИФТАР ВЕЧЕРА НА МУСЛИМАНИТЕ ОД БЕРОВО.
април 29 21:12 2021

Во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам и во чест на постот во кој се сега муслиманските верници, денес Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ Берово во соработка со Унијата на жени им подели на 80 сограѓани муслимани ифтар вечера.

Покровител на настанот е ресторан Мис Стон Смојмирово, кој несебично како и секогаш, им посака на верниците муслимани со лесно да ги поминат строгите Рамазански пости.

” Со години живееме во мир и слога со нашите браќа муслимани, не делејќи се по вероисповед и кој во што верува, го негуваме соживотот и меѓусебно се почитиваме и помагаме. Муслиманите ги почитуваат христијанските празници и свети денови, исто и ние христијаните ги почитуваме празниците на муслиманите. Со денешниот гест, ифтар вечера, сакаме на нашите сограѓани кои сега се во строг пред Рамазански пост да им посакаме со лесно да ги поминат постите и во мир и благосостојба да го дочекаат празникот.” Соживотот се негува и треба да биде на база на меѓусебно почитување и разбирање. Нека Берово биде пример како сложно и заеднички треба да живееме и си помагаме, без делби и со почитување на меѓусебните разлики. Лесен пост муслимани- додадоа од ОК ВМРО ДПМНЕ.

Инаку Рамазан е време на пост, молитва, солидарност и милосрдие, во кој муслиманските верници целодневно се воздржуваат од конзумирање храна, цигари, алкохол, но и од лоши мисли, идеи и дела. Постот почнува со изгрејсонце (суфур) и трае до зајдисонце (ифтар). Јадење и пиење се дозволени во текот на ноќта.

Веќе втора недела граѓаните со муслиманска вероисповед се во строг Рамазански пост. Остануваат уште две недели каде на 14 Мај после триесетдневниот рамазански пост, следува тридневен Рамазански бајрам, кој се смета за голем празник во исламот.

  Категории: