Во салата „Македонски бранители“ во Берово, вчера од страна на Ахмадија заедницата во Македонија беше организиран турнир во мал фудбал на кој учествуваа четири екипи по две од Берово и соседно Пехчево.
Целта на ова случување како што истакнаа претставниците на Ахмадија заедницата, е на еден ваков спортски дух да се зближат, да се рекреираат и спортуваат младите членови на заедницата.
Учесниците на турнирот задоволни од иницијатаивата за оддржување на еден ваков спортски настан, посакаа што почесто да се случуваат и органзираат вакви спортски игри.
По завршувањето на турнирот во мал фудбал, членовите на Ахмадија заедницата ја одржаа вечерната молитва во салата заедно со имамот Талка кој веќе еден месец е гостин ва Пехчево, а неговата мисија веќе неколку години ја врши во Република Словенија.