ОДРЖАНА ПРВАТА СЕСИЈА ОД БУЏЕТСКИОТ ФОРУМ ЗА КРЕИРАЊЕ НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА БЕРОВО ЗА 2023.

ОДРЖАНА ПРВАТА СЕСИЈА ОД БУЏЕТСКИОТ ФОРУМ ЗА КРЕИРАЊЕ НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА БЕРОВО ЗА 2023.
октомври 21 16:26 2022

Општина Берово ја одржа првата сесија од буџетскиот форум, на која свое учество зедоа претставници од институциите, општинските претпријатија како и граѓани на Берово.Присутните поделени во неколку групи од различни сектори имаа можност јавно да ги предочат нивните идеи како до поголеми финансии и приход во општината.

Градоначалникот Звонко Пекевски, во своето обраќање на јавната расправа, истакна дека ваквите форуми кои често се одржуваат години наназад, е добра алатка за буџетската транспарентност и да се слушне гласот на народот за нивните приоритети за креирањето на буџетот за следната година.

-Години наназад и оваа година секако, базирајќи се на начелото на буџетска транспарентност и пристапот за партиципативно учествување кое овозможува да заеднички со вас граѓаните и во оваа постапка која што е утврдена во статутот на Општина Берово, дека е добро и дека мора да бидат одржани буџетски форуми, за да едноставно се слушне гласот на народот, да се утврдат приоритетите и согласно буџетските можности, се внесат во новиот предлог буџет кој ни следи до втората половина на месец декември. Верувам дека ќе имаме конструктивни предлози кои навистина ќе значат и се приоритет за одредени локални, урбани заедници, одредено населено место, заеднички да ги утврдиме и со поддршка на Советот на општина Берово, може дел да бидат ставени во предлози за наредните буџетски сесии. Верувам дека заеднички со вас на крајот на процесот ќе имаме слика што значи буџетот на општината и што во следната утврдена година може да се реализира согласно прибраните приходи и утврдените намени – рече градоначалникот Пекевски.

Присутните на првата буџетска сесија најпрво беа запознаени со реализацијата на буџетот на општината за тековната 2022 година, а потоа дадоа неколку примери како до поголеми приходи во општината, каде како идеи беа посочени, олеснување на придобивки на стански граѓани кои сакаат да се доселат и кои веќе се одлучиле да живеат во Берово, присуство на неформално образование на младите кои би останале да придонесуваат во градот, како и субвенционирање на младите дечиња од руралните средини со превоз од најоддалечените места во Берово, кои во поголем број се занимаваат со спорт со што би се стопирала нивната миграција на образование во соседните градови.

Во рамките на буџетскиот форум, предвидени се три буџетски сесии. Втората сесија е најавена за следниот петок, каде граѓаните ќе дебатираат и ќе ги предочат приоритетите и предлози од нивната непосредна околина за да можат со оглед на можностите да бида соодветно решени .

  Категории: