Одбележани 21 година од смртта на загинатите бранители Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски

Одбележани 21 година од смртта на загинатите бранители Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски
јуни 23 16:56 2022

Делегации од Единиците на загинатите Бранители, од Општина Берово, почитуваните и ценети семејства на загинатите бранители, ОВР Берово, Организација  на резервни офицери Берово- Пехчево , Здружение на воени инвалиди и Здружение на пензионери,  положија свежо цвеќе на спомен обележјето, кое што засекогаш ќе ги избриша од заборав ликовите на загинатите бранители.

Пред присутните беше прочитан краток реферат за делото на загинатите бранители и со едноминутно молчење, беше оддадена почит.

Сеќавањето на бранителите и почитта која  им ја укажуваме, не обврзува, да упатаме благодарност до Иницијаторот за подигање на  спомен обележјето во Берово –  Батаљон за врски Скопје,  единицата која го чествува споменот на Зоран Бубевски, до Одборот за подигање на спомен обележјето и до општинската администрација, која даде несебичен ангажман,  за подигање на ова спомен обележје, од кое денес  бележиме точно една година.

Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски,  пред 21 година застанаа во редот со Дедо Иљо Малешевски, Димитар Поп- Георгиев Беровски, Никола Петров Русински, Леонид Пецовски, Ацо Русковски и многу други херои, кои се вградија во континуитет на изградбата на независна македонска држава и го чуваат вечниот оган кој ние Беровчани, нивните сограѓани, нема да дозволиме да избледи.

Слава им на загинатите бранители  Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски и вечен спомен !

  Категории: